Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Смртоносен отров убива кучиња, но и луѓе

0
By Менче Атанасова Точи on January 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Опасен отров убива кучиња низ населбите во Скопје. Последното труење се случи вчера во населбата Бутел каде настрадаа десетина кучиња. Стотина кучиња во последните месеци беа отруени на повеќе од десетина локации во Скопје. Морбидни слики кружат, по социјалните мрежи, а многу граѓани ги изгубија своите домашни миленици.

Во велешко голожинци отровот усмрти 30 кучиња, сите домашни, од селото. Масовни труења имаше во Штип, Тетово, Попова шапка. Како отров најчесто служи пестицидот Ланате, кој убива за само неколку минути. Од здружението за заштита на животните Анима Мунди се сомневаат дека станува збор за организирана група, која отровот го расфрла околку контејнеритие но и во училишните дворови. Апелираат до надлежните институции да превземат мерки и сериозно да го сфатат проблемот.

-Освен мала група на граѓани и ние никој не се интересира, а тоа е сериозен прекршок на кривичниот закон за кој се добива до пет години затвор. Како секој може да има пристап до ваквата супстанца? Ние сакаме и бараме да се забрани за се продава. Ветеринарите кога ги носиме лешевите најчесто востановуваат дека се работи за Ланате изјави Радмила Пешева од Анима Мунди.

Пестицидот Ланате е отров од прва категорија кој убива уште пред да се стигне до најблиската ветринарна амбуланта. Ветеринарот Анастас Петров за Нова ТВ објаснува дека не постои против отров кој би делувал за да се спаси животното, кое умира во агонија.
-Ние по искуство по мирисот од животното, по повраќаните содржини може да претпоставиме дека се работи за тој отров. Самиот отров, пестицидот делува многу бргу, за неколку минути доаѓа до првите симптоми, пенење на животното, грчење на мускулатрата, се јавуваат стршни крврења во дигестивниот тракт и за неколку минути умира животното изјави Анастас Петров ветеринар од Скопје.

Стотина луѓе дневно буричкаат по контејнерите каде што најчесто се расфрла отровот. Овој човек вели дека знае за смртоносниот отров но, нема што да прави бидејќи од пластичните шишиња кои ги собира во контејнерите зависи егзистенцијата на неговото семејство. .
-Страв ни е, ама нема што да правиме. Знам дека е опасно и се што дишеме, не знаеш што може да начекаш, дали игла или шприц некој, ама нема што да работиме, мора изјави граѓанин.

Пестицидот Ланате во земјите од ЕУ е забранет за употреба и продажба од март 2009-та година поради директно загрозување на здравјето на луѓето и индиректно преку почвата и подземните води. Може да го купи само лиценциран земјоделец со специјална дозвола. Кај нас овој опасен пестицид, како и слични хемиски препарати може без проблем да се купат во земјоделските аптеки. Нив може да гу купи секој, па дури и дете и да ги употреби каде сака.

-Извинете, Ланате дали имате? Имаме Неомил од 100 грама. Тоа е исто како Ланате? Исто е само од различна фабрика.

Мојот колега Дамјан влезе во една од земјоделските аптеки во Скопје и мислам дека без проблем му дадоа да купи еден од пестицидите кој се употребува како отров за кучиња. Дамјан?

Без, проблем истиот производ само од друга фабрика, без проблем кој сака може да го купи.
На Клиниката за токсикологија предупредуваат дека се работи за исклучително отровна хемикалија. Директорот Андон Чибишев вели дека во изминатите години многу луѓе завршиле со смрт предизвикана токму од пестициод Ланате, за кој не постои против отров ниту во хуманата медицина.

-Поголема е опасноста кај децата да дојдат во допир со тие излачевини од животните кои умираат и да се случи трагедија која никој не ја посакува. Апелирам до градските власти под итно да превземат нешто, за да се стави крај на ваквите самоиницијативи на некои душегризници кои на ваков нечовечки начин се пресметуваат со кучињата скитници, затоа што се работи за исклучително отровна хемикалија изјави Андон Чибишев директор на Клиниката за токсикологија.

Кој ги расфрала смроносниот отров низ улиците не е познато. Тоа е работа која треба да ја испита МВР и инспекторат за земјоделство, пред да се случи трагедија, да се изгуби човечки живот или од него да настрада и некое дете.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.