Полицијата која ја истражува смртта на актерот Филип Сејмур Хофман нашла скоро 50 кесички со она што тие веруваат дека е хероин, во неговиот стан на Менхетен, изјавија за Си-Ен-Ен два извори за спроведување на законот кои се запознаени со истрагата.
Голем број на употребени шприцеви, лекови на рецепт и празни кеси за кои властите се сомневаат дека се користени за чување на хероин, исто така, беа пронајдени во станот каде што Хофман, 46, беше пронајден мртов во неделата, очигледно предозиран со дрога во бањата, со шприц во левата рака, изјавија изворите.
Пликовите со дрога биле означени како “кец пик”, за која извори велат дека е бренд на хероин кој не е виден на улиците од околу 2008 година во Бруклин.
Иследниците пронашле, според два извора:
• Повеќе од 20 користени шприцеви во пластична чаша
• Неколку други кеси кои содржеле бел прав
• Лекови на рецепт , вклучувајќи го и за крвен притисок лекот клонидин хидрохлорид; за зависност- бупренорфин; виванс, лек кој се користи за лекување на хиперактивност ; хидроксизин, кој може да се користи за лекување на анксиозност и метакарбамол, мускулен релаксант.
Властите испитуваат дали Хофман имал рецепти за овие лекови, изјавија изворите.
Немало никакво писмо и затоа се верува дека смртта на Хофман е случајна.
Канцеларијата на медицинскиот иследник во Њујорк ќе ја спроведе аутопсијата во понеделник.
Семејството на Хофман во соопштение изјави дека неговата смрт е “трагична и ненадејна”.
“Ние сме уништени од загубата на нашиот сакан Фил и го цениме искажувањето на љубов и поддршка кои ги добиваме од сите”, се вели во соопштението.
Оскаровецот актер последен пат беше виден жив во 20:00 часот во сабота, изјави полициски службеник.
Тој се очекувало да ги земе своите деца во недела, но не се појавил, изјави официјалното лице.
Драматургот и негов пријател Дејвид Кац и уште едно лице отишле во станот и го нашле мртов.
Во секој филм, имате ноќи кога се будите во 2 наутро и мислите- Јас сум ужасен во ова. Гледате колку е деликатно ова- мало движење од десно на лево и вие сте безнадежно изгубен
Њујорк тајмс пишува дека е можеби најамбициозниот глумец од својата генерација, глумец кому веројатно најмногу му се восхитуваа, актер кој даваше тродимензионални нијанси на улогите во филмовите и на Бродвеј.
Опишан е како здепаст, со изглед често како да е поспан, генерално неисчешлан, сакал повеќе истуткана облека, не изгледаше како ѕвезда, немаше традиционален изглед на глумец за водечки улоги, иако беше повеќе од способен за такви улоги.
Насловите на Си-Ен-Ен го покажуваат восхитот на филмската критика за него: “Филип Сејмур-Хофман- еден и единствен”, “Никој како него”, “Мајстор на сцената”.
За мене, глумењето е тортура и е тортура затоа што знаете дека е прекрасна работа. Бев млад некогаш и реков- “Тоа е прекрасна работа и јас го сакам тоа”. Сакањето е лесно, но обидот да се биде одличен- па, тоа е апсолутна тортура
Хофман доби Оскар за најдобар актер во 2005 “Капот”, за улогата на легендарниот писател Труман Капот.
Тој исто така имаше маестрални улоги во “Војната на Чарли Вилсон”, “Сомнеж”, и “Мајсторот”, за кои беше номиниран за Оскар за најдобра споредна машка улога.
Номинација за Оскар во Мајсторот
Во неговата импресивна кариера се вбројуваат и филмовите: Талентираниот г.Рипли, Магнолија, Големиот Лебовски, Мисија: Невозможна 3, (семејството) Савиџ, Пред ѓаволот да знае дека си мртов, Пиратско радио, Мирисот на жената и многу други.
Колегите денеска му оддаваа почит и признание на мајсторот на филмската и театарската сцена, актерот Филип Сејмур Хофман.
Роберт де Ниро беше меѓу многуте колеги актери кои ја искажуваат своjaта тага, опишувајќи го како “прекрасен актер”.
“Јас сум многу, многу потресен од смртта на Фил. Тој беше прекрасен актер. Ова е едно од тие времиња кога ќе се каже: Тоа не требаше да се случи”, рече тој.
“Тој беше толку млад и талентиран и уште многу требаше да му се случува, толку многу работи за да живее. Моето семејство и јас го испраќаме нашето најдлабоко сочувство до неговото семејство”, додаде де Ниро.
Џулијан Мур, која глумеше заедно со Хофман во Буги ноќи, Магнолија и Големото Лебовски, рече: “Се чувствувам толку среќна што знам дека работев со неверојатниот Филип Сејмур Хофман, а јас сум длабоко потресена од неговата смрт.”
Џорџ Клуни, кој се појави заедно со Хофман во Идеите на март, рече: “Немам зборови … Тоа е страшно.”
Режисерот Мајк Николс, кој ја режираше Војната на Чарли Вилсон, каде глумеше Хофман, како и во Смртта на еден продавач, рече: “Немам зборови за ова. Беше премногу голем и ние сме премногу потресени”.
Гери Олдман, изјави за Скај Њуз: “Тој беше на мојата листа како актер со кој сакав да работам и се надевав дека ќе ме земеше како режисер”.
“Тој имаше малку опасност за него и ранливост- сите оние квалитети кои мислам дека ги прави некој да биде гледан и многу посебно.”
Кевин Спејси напиша на Твитер: ” Трагедија е да се изгуби врвно талентиран актер како Филип Сејмур Хофман. Неискажлива загуба за филмот, театарот и сите кои го познаваа РИП..”.
“Ова е ужасен ден за оние кои работеа со Филип”, рече актерот Том Хенкс во соопштение. “Тој беше гигантен талент. Нашите срца се отворени за неговото семејство.”
Во сеќавање за Хофман- се палат свеќи пред еден ресторан на Менхетн
Фановите оставаат цвеќиња пред зградата каде што почина Хофман.