НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СМС-пораката „нека бидат сите на готовс“ им пресуди на организаторите на 27 април

0
By НОВА ТВ on July 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Само со добро испланирана организација може да се влезе во законодавниот дом. Овој совет до детали ги ценеше сите докази. Овој суд не му суди ниту на ВМРО, СДСМ или ДУИ, туку на конкретни лица за конкретен кривично-правен настан“, кажа главниот судија во делото за „Организаторите на 27 април“, Илија Трпков. Според него, сите СМС пораки кои биле изведени од страна на Обвинителството, не и оделе во прилог на одбраната на осудените Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски, кои се обидувале да го докажат спротивното – односно дека тие не стојат зад протестите на „За заедничка Македонија“ и планираниот упад во законодавниот дом.

Трајко Вељаноски беше осуден на затворска казна од шест години и шест месеци, Спиро Ристовски на шест години и три месеци, потоа Миле Јанакиески на шест години и три месеци казна затвор, како и Владимир Атанасовски, кому беше изречена шестгодишна затворска казна.

Изречените казни за обвинетите во случајот „Организатори на 27 април” според обвинителката Гордана Смаќоска, се многу ниски. Во изјава за медиуми таа посочи дека е изненадена од ниските казни бидејќи во претходната пресуда за самите извршители на насилствата во Собранието беа изречени многу високи казни.

– Мислам дека пресудата е таква каква што е. Судијата ќе образложи зошто ја донел и зошто олеснителните околности преовладувале во овој конкретен случај кај едно вакво тешко кривично дело, а не отежителните кои и самите имавте можност да ги чуете колку судот ги нагласува. Со самото нагласување на сите тие отежителни околности за судот по мое мислење не смееше судот да си дозволи да има пониска казна од 10 години, барем по мое јавнообвинителско видување на самиот настан, бидејќи доколку не постоеја овие обвинети како организатори немаше да се случи и самиот настан, изјави јавната обвинителка Смаќоска.

Кривичното дело „тероризам” според Кривичниот законик се казнува со минимална казна од 10 години затвор.

– Жалба секако ќе има на ваквата пресуда бидејќи казните се многу ниски. Земете ги во предвид, само една мала компарација ќе направам, Катица Јанева е казнета за полесно кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ каде што максималната казна е 10 година а доби седум години, па сега јавноста нека направи споредба со висината на казната, а кога ќе ја добиеме писмената пресуда секако ќе вложиме жалба за сите обвинети, рече Смаќоска.

Според поранешната судијка во судот во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска, во моментов не е од најголемо значење висината на затворски казни, туку тоа дека конечно судот утврдил кој е организатор на упадот во Собранието.

-Иако се уште не е правосилна пресудата, ако се прифатат наодите на судот добро е што конечно ќе се утврди кои се организатори на настанот. Генералната оценка треба да биде насочена кон тоа дека на крај се утврди кој е организаторот, бидејќи тоа прашање до сега висеше, вели Цаца Николовска.

За време на денешното изрекување на пресудата судијата Илија Трпков кажа дека случувањата на 27 април ќе бидат запаметени како настан без преседан во македонската држава, по што ги прогласи четиритемина обвинети за виновни за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Тој кажа дека освен СМС пораки, клучни за поткрепа на обвинението се и исказите на дел од сведоците, како Александар Василевски Нинџа, но и Стефан Младеновски и Михаил Младеновски.

Судијата посочи дека главната намера била да не се формира нова Влада, а првообвинетиот Никола Груевски го повикувал на протести народот, со зборовите „Народот да не седи дома во папучи, туку да излезе и да ја преземе судбината во свои раце”. Судијата, во образложението, наведе и дел од пораките кои докажуваат дека Ристовски, Јанакиески и останати лица од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, стојат зад протестите „За заедничка Македонија“, кои потоа ескалираа и се случи насилниот упад во Собранието.

-Пораката од 27.2.2017 година Елизабета Канческа Милевска до обвинетиот Спиро гласи: „Спире, за кои градови?“. На што, обвинетиот и одговара: „Пиши му на Миле, има кај него“. На ден 06.3.2017 порака му праќа Елизабета Канческа Милевска со содржина: „Мора да се појават спортисти, ликови познати од спортот, верувај дека фали“. На ова обвинетиот Спиро одговара: „Знам Бети, секој ден притискам“, кажа судијата, продолжувајќи со пораките кои ги разменувале тогашните министри Елизабета Канческа Милевска и Миле Јанакиески.

-На 27.2.2017 обвинетиот Миле Јанакиески и пишува порака: „Ако можи за во среда Владо Јовановски глумецов да го обезбедиме, да се обрати. Ќе биде полн погодок“. Потоа, на 28.2.2017 година обвинетиот Миле Јанакиески и пишува порака на Елизабета: „Ај слушни се со Спиро, плиз“. Истиот ден Елизабета му пишува: „што да правам?“. На ова обвинетиот и одговара: „Ами тоа е“, а потоа и праќа уште една порака „ќе притискаме“. На 2.3.2017 обвинетиот Миле и испраќа порака на Елизабета: „те молам собери ги сите тапани на свет, најмногу ни требаат денеска“. На 28.2.2017 Миле и пишува порака на Елизабета: „Направи план за денеска и утре“, цитираше судијата дел од пораките.

Тој кажа дека одбраната сакала да го докаже спротивното, но дека ваквите пораки се во целосна корелација со исказите на Александар Василевски – Нинџа, Стефан Младеновски и Михаил Младеновски, кои одбраната се обидела да ги дискредитира.

-Нинџа однапред знаел дека објектот на Собранието не е соодветно заштитен со полициски сили, па собрал 68 лица во кафе-бар „Дион“. Сведокот Нинџа бил запознаен со тоа што се случува во Собранието, но сведочел и на уништување на докази, односно на уништување на хард-дискови од безбедносните камери на Собранието, а по наредба на тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кажа Трпков.

Според него, во корелација бил и исказот на Стефан Младеновски, кој кажал дека во живо ја слушале седницата на Државната изборна комисија и одлучувањето по приговорите. Таму истата група, собрана од Нинџа, требала да протестира доколку не бидат прифатени приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, а бил донесен и ранец полн со молотови коктели.

Една од најважните пораки била испраќана до шефовите на изборните единици, која гласела: „Ве молам, лицата за интервентни ситуации и сите други што можете изнесетe ги, да бидат на готовс. Во секој момент можеме да дадеме насоки. Сите членови испред Собрание – сега е моментот“.

-По ова Нинџа на 27 април го мобилизирал членството по повик добиен од неговиот брат што бил обезбедување како дел од македонската делегација во Австрија. На ова му претходела порака на тогашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски го екс-премиерот Никола Груевски, со содржина: Заев денеска одржа прес-коференција, кажа дека мнозинството ќе го избере новиот претседател на Собранието. Тоа може да се случи во салата, ходникот, на скали…“, рече судијата Трпков.

СМС пораки претходно прочита и обвинителката Вилма Рускоска во завршните зборови, како на пример порака на Велјановски до Димовски, во која се вели дека „ќе има шатори”.

– Како знае обвинетиот Велјаноски дека ќе има шатори во 18:32 часот (27 април 2017), ако знаеме дека вратите се отвораат и народот влегува во Собранието нешто пред 18:50. Ама знаел затоа што имал интензива комуникација со обвинетиот Спиро Ристовски. Дека обвинетиот Велјаноски бил во тек и го знаел целото сценарио да се спречи мирно примопредавање на власта произлегува од порака која му ја испраќа на Никола Тодоров – „народ нека се собере”. На ова се надоврзува и порака до Илија Димовски „влегува народот”, рече Рускоска и постави прашање што направи Велјанвски, дали побара евакуација на колегите, пратениците и вработените во Собранието.

– Единствено што побара е да се чува неговиот кабинет и да не се дозволи никој да не седне во неговото место, рече Рускоска, при што прочита порака на Велјаноски, испратена до неговото обезбедување Горан Ѓошевски (осуден за настани за крвавиот четврток), каде го упатува како да постапува и да не дозволи некој да седне во неговото место.

Поради осмислување на план за преку акт на насилство и упад во Собранието да не се формира нова Влада, екс-спикерот Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски, судот ги прогласи за виновни за делото „Организатори на 27 април“, поконкретно за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Според судот, тие овозможиле непречен влез на масата народ во Собранието, а притоа континуирано ја намалувале бројката на присутни полициски службеници.

-Настаните од 27 април се голем удар врз демократијата и граѓанските вредности. Лица што учествувале на тие настани е невозможно да се окарактеризираат како патриоти, кога сите видоа како се руши демократијата преку насилен упад и како се тепаат пратеници. Тоа што се карактеризираат како патриоти е апсурдно и неумесно. Собранието носело различни прописи и закони, но тоа не значи дека треба да се влезе во Собранието организирано и планирано и да се уништува законодавниот дом, вели судијата Трпков.

Инаку, судечкиот совет им изрече мерка куќен притвор на осудените.

Оваа одлука следуваше откако обвинителката Гордана Смаќоска побара изрекување на мерка притвор, но истата судот ја одби. Воедно, за Миле Јанакиески, судечкиот совет истакна дека останува во сила мерката куќен притвор.

Претходно Јанакиески, барајќи да остане во куќен притвор, се пожали дека „три години го шетаат од Шутка до дома“.

-Секој ден ме чуваат над осум полициски службеници и секое возило што влегува и излегува од мојата зграда е детално претресено. Сега бидејќи е топло полицајци стојат во ходник и сум по 24-часовен надзор. Имам многу предмети за кои треба да се спремам, и нечовечки ќе биде по четврти пат да се носам од дома до Шутка, од дома во Шутка, од дома во Шутка цело време. Пет години сум под мерки и мислам дека нема потреба од притвор, кажа поранешниот министер за транспорт и врски.

Судската постапка за случајот „Организатори на 27 април” траеше една година и шест месеци.

Обвинителниот акт ОЈО за гонење организиран криминал и корупција до Кривичниот суд го поднесе на 31 мај 2019 година, а беше прифатен во 31 јануари 2020 година.

Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.