Според пријавеното, таа во нападот употребила тврд и остар предмет, а оштетила и дел од покуќнината.
Вчера (11 октомври) во 15 часот и 40 минути, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 21-годишната С.Д. од тетовско село, која дента околу 12 часот и 30 минути во семејниот дом физички ја нападнала 57-годишната свекрва. Според пријавеното, таа во нападот употребила тврд и остар предмет, а оштетила и дел од покуќнината.
С.Д. е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против неа ќе следува соодветен поднесок.