АМСМ информира дека на патниот правец крак Маврово – Дебар, денеска од 09:45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Врнежи од снег утрово има во Маврово, Попова Шапка и Ниже Поле, според камерите во живо на страницата skimacedonia.mk.
Според фотографиите кои ги објавија вработение во ски-центарот “Ниже поле“, кој работи во рамките на ЈП “Стрежево“, има доволно снег за радост на најмладите.
Но снегот во октомври веќе предизвика и застои во сообраќајот. АМСМ информира дека на патниот правец крак Маврово – Дебар, денеска од 09:45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
FOTO bitolanews.mk
Од УХМР прогнозираат дека времето во земјава ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2) проследени со засилен северен ветер. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см. Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.
Утринската температура ќе се движи од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, поинтензивни околу пладне и попладне, проследени со засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 7 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на краткотраен дожд, а дневните температури ќе бидат во пораст.