Силно невреме во четврток ги погоди Италија, Швајцарија и Австрија, проследено со ветер и снег.
Проблеми има во железничкиот и воздушниот сообраќај, а обилниот снег и силниот ветер создаваат проблеми во Австрија во Тирол, каде што многу домаќинства останаа без струја.
Заради опасност од лизгање на земјиштето евакуирани се 50 луѓе од северот на Италија, а од Џенова летовите доцнат заради силниот ветер.
Заради обилниот снег прекинат е железничкиот сообраќај меѓу италијанското место Пијемонта и швајцарскиот кантон Валис, а на подрачјето на Комо спасени се две лица чиј автомобил им бил однесен при лизгање на земјиште.
Невремето се движи кон југот на Италија, па во Рим и Неапол веќе се издадени предупредувања.
Заради снегот и лавините, има проблеми во железничкиот сообраќај во швајцарските Алпи, јави германската агенција dpa.