Поранешниот соработник на ЦИА и на НСА Едвард Сноуден ќе ги земе предвид барањата на рускиот претседател Владимир Путин да запре со објавувањето на тајните на американското разузнавање, како услов за да остане во Русија, изјави новинарот Глен Гринволд, кој прв соопшти за информациите со кои располага Сноуден, јави ДПА, пренесува МИА
Гринволд застана во одбрана на одлуката на Сноуден да побара привремен азил во Русија, нагласувајќи дека таа е „меѓу неколкуте држави, кои не капитулираат пред американските барања“.
Адвокатот Анатолиј Кучерена изјави дека на поранешниот соработник на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден би можело да му бидат доделени документи со кој му се дозволува да ја напушти транзитната област на аеродромот и да се пресели на други места во главниот град на Русија
Сноуден, слета во Москва пред еден месец и оттогаш се наоѓа на транзитната зона на аеродромот Шереметјево. Тој минатата недела поднесе барање за привремен азил во Русија.