Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сноуден: Се плашам за мојот живот

0
By Нова ТВ on June 24, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Барајќи азил затоа што како што кажа, сака да му судат американските власти, Едвард Сноуден, кој протече информации за надзор на американските безбедносни служби, им рекол на еквадорските претставници дека стравува за животот од нехуман третман – дури и стравува од смрт – ако тој се врати во САД за да одговора на обвиненијата за шпионажа, изјави министерот за надворешни работи на Еквадор, јавува Си-ЕН-Ен.

Сноуден, како компјутерски стручњак ги објави деталите за тајните американски надзорни програми, му изјавил на еквадорскиот претседател Рафаел Кореа дека е “малку веројатно дека ќе има фер судење или хуман третман” ако биде предаден на американските власти да му судат, според писмото од Сноуден прочитано од страна на министерот за надворешни работи Рикардо Патино.

Американскиот државен секретар, Џон Кери, оцени дека за САД ќе биде разочарувачки доколку Русија и Кина му помогнале на Едвард Сноуден, да се извлече од обидите на американската администрација за негова екстрадиција од Хонг Конг. Зборувајќи во текот на посетата на Индија, Кери порача дека доколку двете држави тоа го направиле, ќе има неизбежни последици.

-Тој е обвинето лице, кој се товари со три кривични дела. Правниот процес во САД го бара неговото предавање и тие држави беа информирани за тоа. Знаете, историски ние знаеме дека отсекогаш имало некои држави кои се надвор од процесите и не знаеме каде ќе оди или каде би сакал да оди, изјави Кери.

Сноуден не ја напушти Москва како што се очекуваше за да замине на лет во Хавана, со што се отвори простор за прашања за тоа какви, доколку ги има, алтернативни планови за патување тој може да има направено, пишува Њујорк Тајмс и оттука, непознато е местото каде тој сега во моментов се наоѓа.

Исто така се покрена можноста дека руската влада го има лишено од слобода, или пак опцијата да се разгледаат барањата од страна на администрацијата на Обама да се интервенира и да го вратат во САД или можеби да го сослушаат за сопствени цели на Русија.

Г-дин Сноуден не е виден јавно, ниту пак е фотографиран откако е пријавено неговото пристигнување во Москва во неделата попладне од Хонг Конг а патниците на тој лет интервјуирани на аеродромот не можеа да потврдат дека тој бил во авионот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.