Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сноуден: Што би ме мотивирало да дејствувам против САД?!

0
By Нова ТВ on July 10, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Од моментот кога се реши да објави повеќе тајни класифицирани документи кон јавноста, тој беше решен да не бара заштита на анонимност. „Немам намера да се кријам бидејќи знам дека не сум направил ништо лошо“ рече Едвард Сноуден.

29-годишниот поранешен технички асистент во ЦИА, и сегашен вработен во американската фирма за технологија „Буз Ален Хамилтон“, работеше за Националната агенција за безбедност (NSA) во изминативе четири години на повеќе функции од кои се располага со информации од највисок ранг.

Како започнало се’ и која е неговата мотивација за откривањето на документите?

„Со мојата функција во канцеларијата, имав отворен поглед кон апсолутно се. Можев да ве прислушкувам вас, некој федерален судија па дури и претседателот. Во моментот кога ќе видете дека тука постои злоупотреба веќе се запрашувате дали припаѓате на тоа, и што е коректно?!“ вели Сноуден.

Според него луѓето заслужуваат објаснување за мотивацијата на луѓето кои ги носат одлуките, а во моментот кога се прави пресврт на моќта која ја има владата, тоа е директен удар врз демократијата.

Зборувајќи за својата безбедност, Сноуден за Гардијан објаснува дека сигурно не се чувствува слободен спротиставувајќи и се на, според него, најмоќната разузнавачка агенција.

„Ако сакаат да те фатат, ќе те фатат“, вели тој.

Но за него, живеењето во раскош и уживањето големи чекови со многу малку работа е против интересите на граѓаните.

На прашањето зошто за граѓаните треба да ги интересира тајните кои тој ги открил, Едвард Сноуден вели затоа што во секој момент се нагледувани.

„Дури и да не прават ништо лошо сепак се надгледувани, и при евентуален погрешен повик, нивните разговори можат да бидат разгледани и да се најде „обична дупка“ во нивните моменти од животот“.

Својот првичен престој во Хонк Конг го одбрал поради големата традиција на градот при слобода на говорот. Таму се чувствувал безбедно да ги искаже документите за кои тврди дека се од голема важност за луѓето.

По обвинувањата дека би можел да им помага на непријателите, поранешниот техничар во ЦИА вели дека не постои ништо што би го мотивирало за такво нешто.

„Живеејќи на Хаваи и на такви „рајски“ места заработувајќи толку многу пари, би требало да се запрашаат што е тоа што би ме мотивирало да одам против владата“, вели Сноуден.

Сноуден ќе остане во историјата како еден од најпоследователните информатори на Америка, покрај Даниел Елсберг и Бредли Менинг. Тој е одоворен за откривање материјал на една од најпознатите таинствени организации во светот – на Националната агенција за безбедност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.