Најголемата кауција платена во историјата на српското судство – 12 милиони евра уплати денеска компанијата „Делта холдинг“.
По што сопственикот Мирослав Мишковиќ наскоро треба да биде пуштен да се брани од слобода, информира Б92.
Мишковиќ е во притвор од декември 2012 година, одземен му е пасошот и одредена му е мерка забрана за напуштање на државата, со обврска секој 1-ви во месецот да се јавува во полиција.
Српското јавно обвинителство ги терети за организиран криминал – неговиот син, Марко Мишковиќ, Мило Ѓурашковиќ и уште осуммина, обвинувајќи ги дека ги оштетиле компаниите за одржување на патиштата за 16,95 милијарди динари, а буџетот на Cрбија го оштетиле за 472 милиони динари.