Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со 3,2 милиони евра ќе се подобруваат условите за живеење во ромските населби

0
By Нова ТВ on February 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со вкупен буџет од 3,2 милиони евра обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош – ИПА 2 на Европската унија, Владата започнува со реализација на проекти за домување на Ромите со кои се очекува да се подобрат условите за живеење на овие граѓани.

Проектите ќе бидат реализирани во следните три години во Прилеп, Битола, Штип, Берово и Кичево. Со нив ќе се опфати легализација на ромските домови, ќе се подобри инфраструктурата во ромските населби, ќе се изградат нови живеалишта за Ромите, но исто така проектите вклучуваат и вработување на младите Роми и поддршка на учениците Роми со туторство.

Планирано е да се легализираат куќите на 700 ромски домаќинства во Прилеп, имотите на 5.000 Роми во Битола, 1.027 куќи во Штип и 40 куќи во Берово.

– Проектот опфаќа и изградба на нови живеалишта – 50 куќи во Штип, 30 станови во Кичево, а истовремено ќе има реконструкција на 50 куќи во Прилеп и 15 куќи во Берово, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната прес-конференција во Владата на која имаше воведно обраќање заедно со премиерот Зоран Заев и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Условите во кои живеат Ромите најчесто се полоши од условите во кои живеат останатите граѓани. Често тие живеат во населби кои се со нерешен статус и без основна инфраструктура.

Како што посочи пратеничката Љатифе Шиковска, повеќе од 50 проценти од семејствата живеат со уште едно семејство заедно во простор од два до пет метри квадратни, а половина немаат услови за лична хигиена и вода во своите домови.

Проектите се реализираат благодарение на иницијативата за интеграција на Ромите 2020, во рамки на која на предлог на Северна Македонија во Полска 2019 година беше усвоена декларација на земјите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во процесот за проширување со ЕУ.

– Со оваа декларација нашата земја ги поттика лидерите од регионот да ја прифатат потребата за заедничка заложба за интегрирање на ромската популација, како едно од најранливите групи во општествата во овој наш регион. Благодарение на оваа декларација и на иницијативата „Интеграција на Ромите 2020“ дојдовме до стартот на реализација на проектите што денес ги објавуваме во делот на домување и во делот на постигнување услови за легализирање на неформалните населби каде што живеат Ромите, истакна премиерот Зоран Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.