Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со 67% невработеност кај ромската популација Македонија го обележува Светскиот ден на Ромите

0
By Zoran Ivanov on April 8, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 8, 2026 13:19

Според последниот попис на населението во Македонија од 2021 година, во државата живеат 46.433 лица кои се изјасниле како Роми. Тие сочинуваат околу 2,53 проценти од вкупното резидентно население, кое изнесува 1.836.713 жители.

Овие податоци покажуваат дека ромската заедница е една од поголемите етнички заедници во земјата.

Состојбата на ромското население во Македонија

Според најновиот извештај на OSCE (2025), над 30% од Ромите во Македонија живеат во сиромаштија, а стапката на невработеност е двојно повисока во однос на општата популација. Дополнително, околу 20% од ромските домаќинства немаат пристап до основни комунални услуги како вода и санитарии, што директно влијае врз нивниот квалитет на живот. И покрај постоењето на стратегии за инклузија, извештајот посочува дека нивната имплементација е ограничена, што придонесува за продолжена социјална исклученост на ромската заедница.

Ромското население – со единствена историја обележана со низа системски проблеми кои постојано се соочувало со значителна социјална маргинализација и честопати билe подложени на присилна миграција од мултифакторијални причини, вели д-р Салија Љатиф Петрушовска, магистер по јавно здравје и припадничка на ромската заедница во Македонија.

д-р Салија Љатиф Петрушовска, магистер по јавно здравје и припадничка на ромската заедница во Македонија

Според неа и покрај тоа што се една од најголемите и најразновидните етнички групи во Европа, Ромите продолжуваат да се соочуваат со системска дискриминација и социјална исклученост, што доведува до намалени резултати во образованието, вработувањето, здравството и домувањето.

Состојбата на Ромите во Северна Македонија покажува дека и покрај одреден институционален напредок и постоење на стратегии за инклузија, оваа заедница сè уште се соочува со длабока социјална и економска нееднаквост, додава Љатиф Петрушовска.

Како главни предизвиците ги посочува здравството, вработувањето, социјалната заштита и образованието се меѓусебно поврзани и често се пренесуваат од генерација на генерација.

Сепак вели дека состојбата може да се подобри со следење на конкретни препораки кои се однесуваат на образование, вработувањето, социјалната заштита, заштита од говор на омраза и стереотипизација на населението.

Во последно време особено изминатата и оваа година, се забележува зголемен тренд на говор на омраза, особено на социјалните мрежи. За жал, овој тренд доведува до омаловажување, дискриминација и стереотипизација на целата ромска заедница и влошување на веќе постоечката тешка состојба во државата, додава Љатиф Петрушовска.

Денеска е Светскиот ден на Ромите

Светскиот ден на Ромите се одбележува секоја година на Осми април и има длабоки историски корени поврзани со борбата за признавање и права на ромскиот народ.

Овој ден е востановен во чест на Првиот светски конгрес на Ромите, кој се одржал од 7 до 12 април 1971 година во Лондон. На конгресот учествувале претставници на ромската заедница од различни земји, кои за првпат организирано разговарале за своите права, идентитет и иднина.

На овој историски настан биле донесени неколку значајни одлуки. Усвоено било ромското знаме, со сина и зелена боја и црвено тркало во средината, како и химната „Ѓелем, ѓелем“. Исто така, терминот „Ром“ бил прифатен како официјално име за народот, наместо дотогаш користените називи со негативна конотација.

Светскиот ден на Ромите официјално почнал да се одбележува во 1990 година, со цел да се оддаде признание на ромската култура, традиција и придонес, но и да се подигне свеста за предизвиците со кои се соочува оваа заедница, како што се дискриминацијата, сиромаштијата и ограничениот пристап до образование и здравствена заштита.

Двојна дискриминација на жената Ромка

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација неодамна го презентираше тематскиот извештај за дискриминацијата на жени Ромки во областа на работните односи.

Во 2023 година општата стапка на невработеност изнесувала 13 проценти, додека кај ромската популација достигнувала околу 67 проценти. Дополнително, само 8 проценти од Ромките се вработени, што укажува на сериозна структурна исклученост од пазарот на трудот. Ромките често работат во неформалниот сектор, без социјална и здравствена заштита и со ограничен пристап до мерки за вработување.

Според информациите на Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација бројот на поднесени претставки за дискриминација е многу низок.

Од 407 новоотворени случаи во 2024 година, приближно 40 проценти се за потенцијална дискриминација на работно место или при вработување, додека само три се за дискриминација врз Роми во областа на вработувањето, од кои само во еден случај е утврдена дискриминација, истакна Зекир Абдулов од ДКЗД.

Во делот на судската заштита, во периодот 2022–2023 година донесени се 19 пресуди од основните граѓански судови кои се однесуваат на дискриминација во работните односи, од кои само три се поднесени од жени.

Заклучокот од извештајот е дека дискриминацијата врз Ромките при вработувањето претставува структурен и повеќеслоен проблем, чие решавање бара координирано дејствување на институциите, судовите, инспекторатите, граѓанските организации и самите заедници.

Извор: Радио МОФ

 

ден радио моф Ромите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.