Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со 800 евра до бугарски пасош

0
By Нова ТВ on December 22, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Посредуваме за добивање на бугарско државјанство, јавете се и се’ ќе ви објасниме телефонски во официјалната канцеларија во Струмица“; „Побрзајте, се закажува за поднесување на документи. Што порано, толку подобро за вас и помалку ќе чекате. Процедурата е за православни лица“; „Најбрзо, најточно и најсигурно во нашата агенција посредување на документи за државјанство, пасоши, лични карти, возачки. Овластени сме за преводи на сите странски јазици. Комплетните документи ги добивате преведени, нотарски заверени, со платени декларации и такси кон државата. Агенцијата е со долгогодишно искуство, со канцеларија во Софија, а исто така добивате контакт телефонски број од нашите соработници низ Македонија“.

Со вакви и слични огласи на социјалните мрежи, но и на сајтовите за огласување, според „Дојче Веле“, агенции и поединци им нудат на македонските државјани успешно вадење на бугарски документи. „Бизнисот“ со бугарските државјанства, кој е особено актуелен изминативе десетина години, не мирува ниту деновиве, кога стануваат се’ пожестоки препирките на релација Скопје – Софија. Историските спорови помеѓу двете земји, кои резултираа со вето за европската интеграција на Северна Македонија, се прелеаја и во меѓусебни обвинувања во земјата – „трн в око“ повторно се двојните државјанства.

Врие од огласи на Фејсбук

Социјалните мрежи се преплавени со страници кои нудат брзо и успешно вадење на бугарски документи. Конкуренцијата е голема. На десетици страници, кои навидум делуваат дека се неактивни, всушност секојдневно се јавуваат граѓани коишто бараат информации како полесно да дојдат до документи. Посредниците, зад кои некогаш се кријат агенции, другпат поединци или групи со добри контакти во соседна Бугарија, за цена од 600 до 800 евра им нудат остварување на европскиот сон на многу македонски државјани.

Притиснати од економската криза, со надеж дека ќе обезбедат работа или школување во Европа, многумина изминатава деценија посегнаа по резервниот план – со бугарски пасош да ги премостат европските граници. Дел од групите кои посредуваат за документи се јавно отворени и пристап до нив имаат сите, некои пак се приватни и за влез во нив треба да ви биде одобрено членство. Не се малку ниту оние коишто се огласуваат на страниците за реклами. Бугарските пасоши повеќе се рекламираат отколку продажба на нови чевли или чанти.

Надлежните се немоќни

Надлежните институции, иако се свесни за оваа масовна појава, велат дека се немоќни да преземат што било. Целата постапка за издавањето на документите се одвива во соседната земја, каде немаат никакви ингеренции да интервенираат. Софија е таа којашто одлучува на кого ќе му даде државјанство, а изборот е личен – секој граѓанин сам одлучува дали да побара двојно државјанство.

Од информациите коишто можат да се добијат од агенциите коишто посредуваат за вадење на бугарски документи, се дознава дека постапката се одвива во неколку фази.

Фаза 1

Апликантите прво поднесуваат извод на родени, извод на родители, извод или посмртница на дедо или прадедо, којшто треба да е роден од 1900 до 1918 година.

Фаза 2

Во втората фаза се бара и лекарско уверение, документ за неосудуваност и копија на пасош. Од апликантите се бара и документ за докажување на бугарското потекло на претходник на подносителот (мајка, татко, баба, дедо и слично), како и декларација за бугарска национална свест. Агенциите коишто посредуваат, објаснуваат дека станува збор за официјален документ, издаден од бугарски, или странски орган врз основа на Изводот од матична книга на родени, регистар на население и слично, а кој содржи податоци за бугарското потекло на лицето, или негови претходници. Ако нема таков документ, тогаш се доставува Потврда за бугарско потекло, издадена од Државната Агенција за Бугарите во странство. Крајната фаза е лично поднесување на документите во Софија.

Bulgarien Kardzali Menschen vor einer PassbehördeЦените варираат кај различни посредници и се движат од 600, 650 до 800 евра за државјанство. Се ветува дека постапката би можела да заврши за две до три години.

„Може да добиете бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло или да имате родител – бугарски државјанин. За да добиете бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло, треба да се придржувате кон определена хронологија, односно, прво треба да се утврди вашето бугарско потекло, а потоа да се подадат документи за добивање на бугарско државјанство. Орган кој го утврдува вашето бугарско потекло е Државната Агенција за Бугарите во странство. Подавањето документи за бугарско државјанство пак се врши преку Министерството за правда на Република Бугарија“, наведуваат посредниците.

Фрапантни податоци

Дека станува збор за масовна појава, која се’ уште е актуелна, покажуваат и податоците коишто неодамна беа објавени во Бугарија. Заклучно со 22 октомври годинава, речиси 78 илјади македонски државјани побарале да добијат бугарски пасош врз основа на своето бугарско потекло, велат официјалните податоци во Бугарија презентирани во парламентот.

Од 1 јануари 2010 година до 22 октомври 2020 година речиси 78.000 македонски државјани поднесле барање за бугарско државјанство, а речиси 90 отсто од нив и го добиле. Во последните 10 години, 66.000 Македонци добиле бугарски пасош, сите врз основа на своето бугарско потекло. Овие податоци во бугарскиот парламент ги обелодени министерката за правда Десислава Ахладова одговарајќи на новинарско прашање. Како што пренесе тогаш бугарскиот весник „Дневник“, од вкупно поднесени 77.829 барања за бугарско државјанство, дури во 77.725 случаи основата била бугарското потекло.

Во меѓувреме, Бугарија ја прошири листата на проблеми кои ги има со Северна Македонија, вметнувајќи ги на неа како последни и македонските граѓани со бугарски државјанства. Бугарското Министерство за надворешени работи соопшти дека „нема да го променат ставот во однос на Македонија, со цел да не ги предадат 88.450 македонски граѓани кои поседуваат бугарски пасош“.

„Би било неразумно да очекуваме дека бугарската позиција ќе се промени. Оваа позиција е предмет на натпартиски консензус и 84 отсто јавна поддршка. Да не заборавиме колку бугарски граѓани се наследници на бегалци од Вардарска Македонија. Според Министерството за правда, 88.450 граѓани на Република Северна Македонија, исто така, имаат бугарско државјанство. Ниту една бугарска влада не може да ги екстрадира овие луѓе на границата“, порачаа од бугарското МНР. (Дојче Веле)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.