Со бесплатен јавен превоз, контрола на градилиштата, миење на улиците и прскање на улиците со калциум магнезиум ацетат ќе се спасува главниот град од загадувањето. По екстремното ниво на загаденост кое беше измерено викендов, денеска градскиот татко Коце Трајановски излезе да даде отчет пред скопјани, како планира да ги спаси од загадувањето.
Освен овие мерки, Трајановски апелираше до Министерството за животна средина и просторно планирање законски да овозможат да се воведува пар-непар во возењето, МВР да врши повеќе контроли врз камионите.
Трајановски кој тера втор мандат како градоначалник, не чувствува никаква одговорност за загадувањето, затоа што „тоа не е нешто со се решава преку ноќ“.