Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со електрична енергија од ветер до почист воздух

0
By Нова ТВ on December 7, 2020 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Енергетскиот сектор во земјите од Западен Балкан во изминатата декада се соочува со двојна транзиција, едната од централизирани системи  контролирани од државата кон отворени и конкурентни пазари и втората, од традиционални начини на производство на електрична енергија кон алтернативни “зелени” начини.  Втората транзиција е повеќе од неопходна ако се земе предвид фактот дека повеќе градови во државите од регионот, во изминатите години, се наоѓаат на врвот по загаден воздух. Еден од начините да се придонесе во подобрување на квалитетот на воздухот  е и  искористувањето на алтернативни извори за производство на електрична енергија. Во последнта декада искористувањето на ветерот за оваа цел е препознаен кај нас, во Црна Гора и во Србија каде беа изградени и ќе се градат нови ветерни електрани . Паркот на ветерни електрани ”Богданци” е единствениот во државата и во изминатите години, од неговиот почеток со работа до денес  годишно  тој произведува 3,3 % од вкупното производство на А.Д. ЕСМ. 

Потенцијалот за производство на струја од ветер на овој парк на ветерни електрани го потврдуваат и неодамнешните рекорди со кои до крајот на месец август оваа година испорачани се рекордни над 87 гигават- часови електрична енергија, што претставува натфрлање на планираното производство за тој период за 37,3 отсто. 

„Ветерниот парк Богданци годинава ги надминува очекувањата во производството на електрична енергија. Ова се должи на временските услови во текот на оваа година, односно континуирано присуство на поволен ветер за производство, како и добрата техничка состојба и високата погонска расположливост на ветерниот парк“ – вели Гоце Џамбазовски, раководител одделот за производство на електрична енергија од ветер при АД. ЕСМ.

Паркот на ветерни електрани Богданци функционира од 2014 година и по завршувањето на првата фаза, од ветер електрична енергија произведуваат 16 турбини, додека во втората фаза, која е во тек, треба да се додадат уште четири до шест нови турбини со поголема моќност од постоечките. Со тоа, оваа ветерна електрана од сегашните 36,8 мегавати инсталирана моќност ќе биде заокружена на 50 мегавати инсталирана моќност и вкупно годишно производство од 137 гигават часа електрична енергија. Југоистокот на државата најверојатно ќе биде локацијата каде што ќе се изгради и вториот парк на ветерни електрани. На локација во близина на селото Миравци, гевгелиско,  се предвидува да се збогати енергетскиот систем со уште 127 гигават- часови струја произведена од ветер. 

„Овој ветерен парк е дел од инвестицискиот план на А.Д. ЕСМ од 2018 – 2022 година. Проектот е во подготвителна фаза, а во наредниот период ќе биде дефинирана временската рамка за негова изградба. Со неговата  изградба и поврзување на мрежа се очекува дополнително производство на електрична енергија од ветер од најмалку 35 гигават – часови на годишно ниво“ – појаснува Џамбазовски.

Но, југоисточниот регион не единствениот кој има потенцијал за изградба на вакви ветерни електрани. Енергијата од ветерот за производство на струја има сеуште незначителна искористеност ако се земат предвид добрите географски потенцијали потврдени со досегашните студии според кои во државата има најмалку 15 локации за изградба на ветерни паркови. Низ нашата држава може да се изградат најмалку уште десетина ветерни паркови со ваква инсталирана моќност на различни локации.   Нивниот придонес на годишно ниво се проценува на повеќе од 1 000 гигават часови годишно. Во досегашните истражувања во Северна Македонија се потврди дека за изградба на ветерни паркови, најпогодни  се југоисточниот дел на земјата, Повардарието, Штипско-Светиниколскиот регион како и определени попристапни планински масиви. Како и за секоја инвестиција така и за изградбата на ветерен парк, пресудно е инвестицијата да се исплати колку што е можно во пократок период. 

„За да се оствари ова најнапред најважно е локацијата да има поволни брзини на ветер и поголема зачестеност на ветрот. Потоа се разбира тука се и рељефните карактеристики на теренот и неговата пристапност, како и достапноста на електроенергетската мрежа. Во носењето на одлука за инвестиција секако влијаат и законските регулативи и субвенционираните тарифи за производство на ветерна енергија.“ – вели Џамбазовски.

Според последната Стратегија за развој на енергетика до 2040 година, во земјава е предвидена изградба на електрани на ветер со вкупна инсталирана моќност од 750 мегавати и вкупно проценето годишно производство на струја од околу 1.800 гигават-часови електрична енергија. Но, компаративно, ваквото производство на електрична енергија има далеку поеколошки аспекти од сите други алтернативи, што ја приморува нашата држава ветерните паркови да ги стави во приоритетни проекти. На среден и на долг рок, ефектите за почист воздух несомнено ќе бидат забележителни.  

Јордан Дуков

-Текстот е изработен во рамки на проектот „ЕНВ.нет го факторизира портфолиото за животната средина на Западен Балкан и Турција во агендата на политиките на ЕУ“, финансиски поддржан од страна на Европската унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на авторот и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.