Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со изложбата „5×10“ и филмот „Алелуја: Леонард Коен ,патешествие, песната“ вечерва почнува Скопје синема сити

0
By Ана Василевска on June 17, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На отворањето ќе биде доделена и наградата за животно дело за успеси на полето на филмот и музиката, која годинава ја добива Џијан Емин, за неговите достигнувања во светот на филмската музика.

„Приказните зад музиката“ кои веќе деветта година во метрополата ги носи фестивалот Скопје синема сити, почнуваат вечерва во 19 часот  во Кинотеката на С. Македонија. Почетокот на фестивалскиот викенд (17 и 18 јуни) ќе го означи изложбата на фотографии „5x10“,која што вклучува фотографии на Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл. Во 20 часот следува  проекција на филмот „Алелуја: Леонард Коен, патешествие, песната“ (2002).

На отворањето ќе биде доделена и наградата за животно дело за успеси на полето на филмот и музиката, која годинава ја добива Џијан Емин, за неговите достигнувања во светот на филмската музика.

Џијан Емин
Џијан Емин

Џијан Емин ја започнал музичката кариера како член на рок-групата „Архангел“. Подоцна, станал прв хорнист на Македонската филхармонија и нејзин диригент, а истовремено, тој работи и како оркестратор. Поважни негови музички настапи се: концертите „Скопје за Боуви“ и „Пинк Флојд“ во рамките на манифестацијата „Види музика, слушни слика, добиј книга“; музичко-сценскиот спектакл „Музика универзалис“ (заедно со Дерек Меј и со Македонската филхармонија); настапот со Белградскиот симфониски оркестар и со Јуан Аткинс; концертот „Париз, те сакам“; мултимедијалниот проект „Neuland Sensorium“. Покрај тоа, тој настапувал и со повеќе музичари и групи, како: „Проект Жлуст“, „Д.Н.О.“, Квартетот на Георги Шаревски, „Скопје конекшн“, „Архангел“, Бодан Арсовски, Тони Китановски, Кирил Џајковски, Никола Коџобашија, „Фолтин“, Малколм Брн, итн. Најпосле, Џијан Емин ја оркестрирал музиката на Мет Феди која била изведена на новогодишниот огномет во Дубаи.

Емин е вториот македонски автор награден од Скопје синема сити по Влатко Стефановски. Меќу останатите добитници на оваа награда се Коен, Сакамото, Кејв, Боуви, Њу ордер.

 „Алелуја: Леонард Коен, патешествие, песната“ (2002)  е филм создаден за песната на Леонард Коен која од отфрлен албум во 80-тите, по чудни околности, ќе стане една од најизведуваните песни на сите времиња. Ова е приказната за животот на песната  „Hallelujah“ и сите музичари кои ја изведувале, од Коен до Џеф Бакли.

Утре на 18 јуни ( недела) ќе следат филмот  за „Леб и сол“ насловен како  „Леб и Сол: Као Какао – Вкус на успехот“ и филмот за Френк Запа, „Изеди го прашањето: Запа со свои зборови“.

„Леб и Сол: Као Какао – Вкус на успехот“ е во продукција на МРТВ а автор е Александра Јовановска. Документарниот филм за албумот Као Какао е  по повод 35 годишницата од објавувањето на ова ремек дело. Во филмот гостуваат Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Гарабет Тавитјан, Кирил Џајковски, Братислав Зафировски Брацо и Иван Бечковиќ. Влезот за оваа проекција е слободен.

„Изеди го прашањето: Запа со свои зборови“ е филм за Запа кој  во 20 век, остави свој белег како музичар и независен уметник како никој претходно во Америка. Со својот иконокластичен став и пристап кои ја водат неговата музика, а која самата била предводена од неговиот цврст интелектуален инѕегритет, Запа бил незапирлива сила во популарната и класичната музика. Овој док. филм го покрива неговиот живот и работа со помош на архивски снимки. Неговата борба со политички сили кои сакале да го ограничат или табуата кои ги рушел како и размислувањата за музиката и животот создаваат уникатен портрет за Запа но раскажан со негови зборови.

 Визуелното решение за 9. издание на фестивалот е дело на Даница Орцева, студент на Brainster.

Фестивалот „Скопје Синема Сити“ е во организација на здружението Номад-Арт Скопје и е помогнато од Општина Карпош, од Министерството за култура на Р С. Македонија и од Кинотека на С. Македонија.

Кинотека на РСМ Скопје Синема Сити 2023 филм Џијан Емин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.