НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со книжевност против националистичките политики

0
By on March 5, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Во Младинскиот културен центар – МКЦ беше отворено првото издание на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“, прв фестивал на прозата во Македонија.

Фестивалот, како што беше истакнато во воведниот збор на отворањето, е можност авторите меѓу себе да воспостават поблиски книжевни и човечки врски, што ќе ја засили нивната регионална поврзаност и можност читателската публика одбиску да ги запознае „своите автори“, да ги слушне нивните размислувања и да се дружи со нив.

Гости на првото издание на „ПРО-ЗА Балкан“ се пет писатели од земјите од соседството: Владислав Бајац од Србија, Миљенко Јерговиќ од Хрватска, Алек Попов од Бугарија, Андреј Блатник од Словенија и Андреј Николаидис од Црна Гора.

– Првпат по шеесетина години државност на Македонија, во време кога речиси секоја држава во Европа има најмалку по еден фестивал на прозата, еден ваков фестивал се случува и кај нас, во Скопје. Во деновите што ни претстојат, ќе се потрудиме да го издигнеме на достојно ниво името на стражарите над мислата и зборот, на оние што се борат со нијансите на жедта и ситоста и со потконтекстите на буквите и смислата. Со нас се петмина великани од Балканот, луѓе кои се напиле заедно и од коренот и од врвот, уметници што ја ставиле на хартија, безмилосно и бескомпромисно – вистината, рече Дејан Трајкоски, идеен автор и директор на Фестивалот.

Фестивалот за отворен го прогласи министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која рече дека со „ПРО-ЗА Балкан“ почнува „една нова традиција на Балканот, едно ново книжевно доживување за нашата културна јавност, за нашата читателска публика“.

– Оваа манифестација ќе им овозможи на балканските автори да станат ефикасни медијатори во меѓусебното запознавање и почитување на разликите меѓу нашите култури, кои придонесуваат за богатството на заедничкиот балкански и европски културен простор. Република Македонија поседува автентичен книжевен израз, кој е одговор на современите творечки текови и тој храбро влегува во дијалог со нив, рече Канческа- Милевска

Првата вечер од фестивалот, беше конципирана како претставување на писателите-гости, преку читање фрагменти од нивното творештво, претставување на авторите од членовите на Уметничкиот совет на Фестивалот.

Прв беше претставен српкиот писател Владимир Бајац, добитникот на наградата за развој на балканската книжевност „Прозарт“, која ја доделува фестивалот, за 2013 година.

Владислав Бајац со својата четириесет годинша дејност е автор на шест романи, четири книги раскази и две поетски книги. Бајац, како што рече проф. Александар Прокопиев, е автор кој е добро познат на македонската публика, преведуван на многу јазици, автор во чии дела е впечатлива е една игра на идентитети, се преплетуваат два света, едниот – приватен и субјеткивен, другиот – објективен и фактографски.

Миљенко Јерговиќ од Хрватска беше претставен како автор на парадоксот истовремено да биде познат по неговите „отворени и независни“ колумни, кои ги пишува за влјателни балкански медиуми, и, истовремено, како прозен суптилен писател, кој влегува во најсуптилните периоди на животот како детството, староста, војната и омразата. За неговите дела многу пати е наградуван.

Следниот кој беше претставен, беше бугарскиот писател Алек Попов, за кого проф. Елизабета Шелева рече дека е автор кој ги има испробано сите литературни жанрови и кој е наградуван во сите дисциплини во кои се обидел. Улогата на книжевноста, и неговиот најголем предизвик, како што рече авторот, е да ги урива клишеата, а неговата најголема алатка во тоа е хуморот. Алек Попов е многу преведуван автор, а според неговиот роман „Мисија Лондон“ е снимен истоимениот филм кој доживеа голема популарност кај македонската публика.

Андреј Блатник, како што рече проф. Ермис Лафазановски, е најпреведуваниот словенечки автор, чии раскази се застапени во многу светски антологии. Блатник е предавач по креативно пишување и писател на кратките форми. Неговата книга раскази „Законот на желбата“ ,како што нагласи Лафазановси, доживеа голема популарност кај македонските читатели, а како автор воодушевува со неговата лапидарност во изразот и тенденција кон хипер-куси раскази.

Последно за првата вечер на фестивалот, беше претставувањето на црногорскиот писател Андреј Николаидис, чиј роман „Син“ од неодамна е објавен на македонски јазик. Како автор, како што рече Лафазановски, на Николаидис му успева да направи парадигма на универзалноста дури и од град каков што е Улцињ, каде што живее. Николаидис е истовремено и колумнист на неколку балканки весници и онлајн магазини, кој со своите жестоки критики успеал да си создаде голема популарност, но и многу непријатели.

Програмата продолжи денеска со трибина на тема „Мобилноста и балканските писатели“и потпишувањек ниги од авторите-гости во книжарницата „Икона“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.