Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со манифестацијата „Мостови“ завршуваат Струшките вечери на поезијата

0
By НОВА ТВ on August 29, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со поетското читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга” вечер завршува 60. издание на меѓународниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата.

Јубилејното издание на најстарата поетска манифестација, се одржува под посебни протоколи за заштита на населението од Ковид – 19. Поетските читања ќе се одржат на летната тераса во хотел „Дрим“, а не според традицијата на Мостот на поезијата. Поради пандемијата не присуствуваше ниту добитничката на Златниот венец, британската поетеса Керол Ен Дафи. Таа имаше видео обраќање и читање поезија преку он-лајн врска.

Поетите учесници, кои присуствуваат во Струга ќе го посетат Вевчани и Вевчанските извори. На манифестацјата учествуваа 30-тина поети, дел од нив пристигнаа во градот на поезијата, а дел читаа поезија преку видео врски.

Во рамките на програмата синоќа беше промовирано „Македонско поетско соѕвездие“ во чест на академик Георги Старделов. За делото говореше македонскиот поет, раскажувач, есеист и теоретичар Владимир Мартиновски, кој оцени дека академик Старделов оставил во аманет неодминлива книга за секој што ќе сака темелно да ги запознае одликите и естетските дострели на современата македонска поезија.

– Станува збор за невообичаено волуменозна книга (со без малку 900 страници), која се чита како врвна белетристика. Таа е еден вид синтеза и сума сумарум на долгогодишниот безрезервен и пасиониран ангажман на Георги Старделов во анализирањето, толкувањето, вреднувањето и промовирањето на дострелите на современата македонска поезија. Сочинета од пет претходно објавени книги, посветени на пет стожерни творечки личности за македонската литература и култура од првите две повоени генерации, „Македонско поетско соѕвездие“ е еден вид петокнижие на македонската поезија на втората половина од 20 век, рече Мартиновски.

Петходно се одржа омаж во спомен на култниот македонски поет Богомил, а говореше претседателката на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, Елизабета Шелева.

Златен венец Керол Ен Дафи Струшки вечери на поезијата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.