Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со настапот на „Что делат“ заврши второто издание на КРИК

0
By Нова ТВ on December 18, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со перформансот „Настанување со музејот“ на рускиот уметнички колектив „Что делат“ и локалните учесници од Македонија, вчера вечер, заврши второто издание на КРИК фестивал за критичка култура.

„Беше чест да се работи со гостите од колективот „Что делат“, овие изминати денови беше интензивно, но инспиративно искуство, бидејќи научивме што значи колектив и што значи концентриран процес на развивање идеја“, рече Искара Гешоска, од Контрапункт, која им се заблагодари и на учесниците од Македонија и на членовите на рускиот колектив „кои отворија многу прашања од нашиот културен контекст“.

Перформансот што беше изведен во Музејот на современа уметност  е резултат на петденвниот семинар на колективот „Что делат“ од Санкт Петерсбург, овој пат предводен од Цапља Олга Егорова, Нина Гастева, Оксана Тимофеева и Дмитри Виленски, во соработка со локалните учесници, млади актери, уметници, политиколози, историчари на уметност: Јасмина Билаловиќ, Ѓорѓе Јовановиќ, Билјана Димитрова, Игор Таневски, Ребека Лазова, Мартина Спасовска, Кристијан Јованоски, Ивана Секулоска, Наташа Животиќ, Стефан Китановиќ и Кристина Мазнеска.

Перформансот се одржа во салите каде се изложени делата од колекцијата на МСУ. Учесниците со своите тела создаваа фигури и слики и раскажуваа свои кратки приказни.

Перформансот што се случуваше  околу изложбениот простор ги рефлектира релациите на учесниците во рамки на семинарот воспоставени со уметничките дела од колекцијата на Музејот на современата уметност во Скопје. Целта била да се воспостави мост помеѓу макронаративите на различчните дела (кога и како се настанати, нивното општествено значење итн.) со микро наративите на секој од учесниците кој беше предизвикан да ја објасни со сопственото тело и со својот лиричен внатрешен текст, релацијата со делото. Сето ова создава преобликувачко и освежувачко мапирање на музејот и ја бележи историјата на младата генерација која го активира токму тој рансформациски, преобразувачки потенцијал на музејот и на неговото општествено и политичко значење.

Појдовните прашања на семинарот и делото што од него прозлегло биле: Кои се можностите за спојување на настанувањето со резултатите од настанувањето? Која е нивната стратегија и тактика? Каков вид на свест треба да стекнеме, за да можеме да се избориме против промената на светот од страна на наративите на моќта, кои наметнуваат својата фиксирана и цврста слика за наличјето на борбата и јасни вредности за насоката на трансформација. Дали можеме да ги истражиме нашите облици на отпорот и нашата утопија за трансформацијата?

По перформансот се одржа разговор со членовите на колективот и учесниците за процесот на подготовка.

„Дилемата беше дали ни е поважен процесот или резултатот, но тие се едно исто, така што одговорот на дилемата би гласел: и процесот и резултатот. Она што вечерва го видовме беше трансформација на музејот во театар, каде што на сцената освен луѓето, своја улога имаа и уметничките дела кои учествуваа во перформансот бидејќи и самите беа инволвирани во процесот на трансформација во нешто друго“, рече Оксана Тимофеева.

Перформансот се одржа во салите каде се изложени делата од колекцијата на МСУ. Учесниците со своите тела создаваа фигури и слики и раскажуваа свои кратки приказни.

„Нашата цел беше многу едноставна и скромна – секое уметничко искуство е трансформативно. Забележавме дека овде постои проблематизирање и јаз меѓу перформативната уметност и еден вид молк на главно модернистичките објекти. Не знам колку тие го изразуваат македонскиот дискурс во современата уметност. Ние дадовме еден перформативен тон за да внесеме живот во просторот на музејот, бидејќи уметничките дела се и реални, но истовремено не се, а живите луѓе секогаш се реални. Ова беше дел од нашата едукативна работа кога и ние и учесниците можеме да пробуваме различни работи, да разговараме и да пробуваме“, рече Дмитри Виленски.

Тој објасни дека со перформансот во Скопје тие сакале да посочат на актуелната дебата што се води во уметничкиот свет за тоа дали музеите се само место за перформанс, односно уметнчки чинови или и места на јавни активистички чинови кои ја губат својата оригиналност, а кои може да се развијат во различни насоки. Според него тоа е клучно прашање на визуелната уметност денес, како да се направат нови фузии, сојузништва. „Тоа е многу интересно и возбудливо, не сакам да им го намалам значењето на сликите, или видеата, но се случува нов развој и треба навистина внимателно да гледаме и да разбереме зошто се случуваат работите, рече Виленски.

Учесниците говореа за своите искуства, кои биле позитивни и едукативни, тие беа воодушевени од отвореноста, непосредноста на пристапот низ целиот процес што го поминаа за време на петтдневниот колаборативен семинар.

За крај на фестивалот што се одржуваше во Музејот на современа уметност, гостите и публиката уживаа во музичкиот настап „Огледалце огледалце кој е најубав на светот?“ со EgoTRIP

Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура се поддржани од: Фондација отворено општество – Македонија, Гете-институт Скопје, Фондацијата Култура нова од Хрватска, Фармахем и Министерство за култура на Република Македонија. Логистички партнери на фестивалот се: НУ Музеј на современа уметност – Скопје и порталот окно.мк Постојани стратешки партнери на Контрапункт и на КРИК се: МаМа од Загреб и kuda.org од Нови Сад.

Крик 2017
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.