Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со норвешка помош ќе се отстранува линданот од Охис

0
By Нова ТВ on December 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Процесот за конечно решавање на проблемот со илјадниците тони отпад од опасниот пестицид линдан во поранешната фабрика Охис, ќе го води Генералниот Секретаријат на Владата на Република Македонија.

Според, генералниот секретар Драи Рашковски, можни се три решенија за трајно решавање на проблемот за чија реализација ќе бидат потребни од 40 до 260 милиони евра.

„Во зависност од собраните средства ќе зависи изборот на методот кој ќе го користиме за уништување на отпадот од опасниот пестицид линдан. Сакам да истакнам дека истовремено ќе се чистат двете депонии во поранешната фабрика Охис и очекуваме дека тој процес ќе трае од 3 до 5 години“, истакна Рашковски.

Премиерот Зоран Заев во име на Владата денеска го потпиша Меморандумот за соработка со Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации – UNOPS и со Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка претставувано од Амбасадата на Кралство Норвешка за Србија, Македонија и Црна Гора.

„Веќе е познато дека одредена количина од овој опасен пестицид со години е затрупан во кругот на фабриката и претставува закана за животната средина. Република Македонија, со потпишување на Стокхолмската конвенција во 2004-тата година, во којашто линданот како токсична материја е додаден во 2009-та година, e обврзана да го реши овој проблем. И затоа час поскоро мора да го дислоцираме отпадот без последици врз околината и врз граѓаните“, истакна премиерот Заев.

Успешната имплементација на Проектот има за цел создавањето на заеднички Фонд, како системски механизам за расчистување на индустрискиот токсичен отпад во поранешната фабрика ОХИС во согласност со Европските стандарди, хармонизација во полето на заштита на животната средина и промоцијата на Град Скопје како безбеден, отпорен и одржлив град.

Амбасадор на Кралството Норвешка за Македонија, Србија и Црна Гора Арне-Санес Бјорнстад истакна дека неговата земја е задоволна што може да и помогне на Република Македонија за да ја дислоцира најцрната еколошка точка во земјата. Истакнувајќи дека безбедноста на граѓаните е на прво место, амбасадорот Бјорнстад посочи исто така овој процес дополнително ќе го олесни патот на Република Македонија во Европската Унија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.