Швајцарија наскоро ќе пушти во употреба нова технологија со која ќе спречи шпионирање на комуникациите на својата влада, изјави денеска претседателот на земјата Ули Маурер.
– Ќе воведеме нова технологија во следните неколку дена или недела и тоа ќе ја подобри безбедноста во Владата, изјави Маурер во интервју за неделникот „Швајц ам Зонтаг“.
Маурер не изнесе повеќе детали за новата технологија и како ќе функционира истата, но истакна дека одлуката е донесена пред објавувањето на информациите за американското следење на комуникациите на светските лидери.