Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со помош на безбедносни органи ОЈО ги истражува невладините и БЕСА

7
By Нова ТВ on February 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одделението за организиран криминал при Јавното државно обвинителество каде што шеф е Марко Зврлевски води предистражна постапка за незаконско финансирање на изборниот процес против повеќе невладини организации и политичката партија БЕСА, дознава НОВАТВ од многу  високи извори во истрагата кои поради личната безбедност побараа да останат анонимни.

Станува збор за невладини организации кои се финансирале од странски донатори како владата на САД и други влади од западните земји и фондацијата „Институт Отворено Општество“.  Предметот е оформен помеѓу 20 и 30 декември, непосредно по завршувањето на предвремените парламентарни избори или три дена по прогласот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во којшто најави борба со невладниот сектор или тааканаречената „десоросоизација“, оформен е по предмет доставен до МВР од страна на Антикорупциската комисија.  Во предистражната постапка се вклучени високи безбедносни служби во полицијата, а директорот на Бирото за јавна безбедност го координира тимот од повеќе институции.

НОВАТВ разговараше со Чавков телефонски, но тој за информации не упати во Државното јавно обвинителство.  Службата за односи со јавноост во обвинителстовото, пак, за НОВАТВ рече дека тие водат повеќе постапки во врска со кршења на изборниот законик, од кои што најголем дел биле оние по пријави од граѓани и политички партии, но и по допрен глас. Обвинителството не одговори на нашите прашања за оваа конкретна истрага. Ниту Антикорупциската комисија не одговори на телефонските повици на НОВАТВ.

Контролите за финансиското работење кои беа најавени за невладините организации кои се критички настроени кон власта започнаа на 20 декември. Освен во Фондацијата Отворено општество, финансиски контроли беа најавени и во Хелсиншкиот комитет за човекови права, Младинскиот образовен форум, Македонски центар за европско образование, Метаморфозис и во петнаесетина други. Во април минатата година, финансиска полиција влезе и во невладината „МОСТ“ којашто важи за организација којашто непристрасно ги набљудува изборите. Сите овие организации пари за своето работење обезбедуваат од Фондацијата Отворено општество, од УСАИД и од странски амбасади.

Политичката партија БЕСА, која што е нова, на овие избори на кои учествуваше прв пат зеде 5 пратеници. Тие одбиваа секаква соработка и коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.