Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со промоција на зборникот „Шопов на 11 јазици“ завршува 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ

0
By Ана Василевска on August 30, 2023 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид денеска ќе биде промовиран зборникот „Шопов на 11 јазици“, објавен по повод јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, а во рамките на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). Објавувањето на Зборникот е дел од националната програма „2023. Година во чест на Ацо Шопов“.

Станува збор за единствен зборник од ваков формат во кој се објавени преводи на песни од великанот на современата македонска литература и култура, Ацо Шопов, на толку јазици, со вклученост на поголем број странски македонисти, познавачи на македонскиот јазик, литература и култура.

Конкретно, Зборникот е произлезен од Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ, која се одржа во јануари годинава како прва активност во рамките на националната програма „2023. Година во чест на Ацо Шопов“. Преводите објавени во него се на учесниците на Зимската школа од групата по литература, подготвени во текот на Школата и во периодот непосредно по нејзиното завршување, а со неколку преводи се вклучени и уште неколку странски македонисти кои по завршување на Школата изразија желба и подготвеност да остварат влог во вакво, значајно издание.

Помотори на зборникот ќе бидат директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска и ас. м-р Иван Антоновски, кој ја водеше лекторската настава по литература на Третата зимска школа од која произлезе Зборникот.

Во Зборникот се објавени преводи на песни од Шопов кои досега не биле преведени на конкретните јазици, како и преводи на песни за кои странските македонисти имаат проценето дека е потребно да се објават во нов превод на нивните јазици. Изданието содржи и импресии на странските семинаристи – автори на преводите, за поезијата на Ацо Шопов.

Ова е трет зборник на преводи објавен од МСМЈЛК при УКИМ, а втор од ваков обем и формат по зборникот „Конески на 11 јазици“ објавен во 2021 година, кога се чествуваше 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески.

Со оваа промоција се заокружуваат активностите на 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ. Утре ќе се одржат последните лекторски часови и затворањето на Школата со врачување уверенија на семинаристите.

Како што најавија од МСМЈЛК при УКИМ, во петок, на 1 септември, нивните активности продолжуваат со јубилејната, 50. Меѓународна научна конференција, која традиционално ќе се одржи во Охрид. Ова издание на Конференцијата која е единствен научен собир во регионот посветен на јазик, национална литература и култура со толкава традиција на непрекинато одржување секоја година и толкав број објавени зборници, ќе биде посветено токму на творештвото на Шопов по повод значајниот јубилеј и на Крсте Мисирков, по овод јубилејот 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“.

Оваа, 56. Летна школа и претстојната 50. Меѓународна научна конференција, исто како и Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ се дел и од националната програма „2023. Година во чест на Ацо Шопов“, под покровителство на претседателот на државата.

Летна школа на МСМЈЛК македонски јазик УКИМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.