Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со свирежи и пароли за поддршка на Шиповиќ

0
By Влатко Чаловски on October 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Со пароли и извици „Паѓа влада“, „Не ја силувајте слободата“, „Слобода за Шиповиќ“ и свирежи, претставници на опозициската коалиција предводена од СДСМ, како и граѓаните кои го поддржуваат претседавачот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ, се собраа денеска пред зградата на Основен суд – Скопје 1 во знак на протест поради „полициско – политичките апсења од страна на режимот на Груевски“.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, изјави дека преку денешниот протест неговата партија нема намера да врши притисок, туку да пушти порака да се почитува законот и да се охрабрат судиите да носат одлуки во согласност со законот.

„Имаме човек кој не само што не сака да побегне, туку се враќа назад, и добро е што е уапсен во Виена, а не во Америка, што значи дека сака да се врати назад да се брани од слобода“, рече Заев.

Тој кажа дека во судот предочиле што значи блокирањето на Центар, како и тоа дека неговиот имот, и станот на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска ќе им бидат на располагање на судот како гаранција за Шиповиќ.

– Колку што се важни одлуките на овој суд, но законот ги дава олеснителните околности-тоа се одземање патна исправа, хипотека на имот, еднаш неделно да се појавува на суд, предочивме дека и нашите имоти ќе ги имаат на располагање, нашите имоти ги нудиме, мојот стан, станот на Радмила Шеќеринска, на други наши членови, потенцираше Заев.

Според него, стравот и силата демонстрирана од власта, СДСМ нема да ја дозволи.

Градоначалникот на општина Центар пак, Андреј Жерновски, изјави дека не се плаши од наводната акција „Градоначалник“.

„За мене ова не е никаква случајност. Со ова се спречува реализирање на изборните ветувања, со ова се спречува поништување на ДУП – овите и нормално функционирање на општината, бидејќи на дневен ред имаме ребаланс на буџетот, а потоа и усвојување на буџетот“, изјави Жерновски.

Жерновски надополни дека диктатурите се разликуваат по траењето, но на крај завршуваат од народот.

Пред насобраните поддржувачи на Шиповиќ, се обратија и Гордан Георгиев и Душко Илиевски, млекарот од Битола, кој го охрабри Шиповиќ да издржи во ова,

Шиповиќ утрово беше уапсен на виенскиот аеродром, враќајќи се од САД во Скопје преку Франкфурт и Виена.

Според процедурите, на Шиповиќ ќе му биде одреден најпрвин екстрадиционен притвор, кој може да тре два до три дена, а потоа се очекува тој да биде пренесен во Македонија.

Иако по Шиповиќ првично имаше распишано само интерна потерница, вечра МВР по барање на судот распишале и меѓународна потерница.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.