Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со вложување во човечкиот капитал стапката на економски раст може да достигне 5 отсто

0
By Нова ТВ on February 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Човечкиот капитал е исклучително важен за секоја земја и вложувањето во истиот треба да биде одговорност за секоја Влада, но и пошироко, да постои општоприфатен консензус за структурните реформи во оваа област. Ова било истакнато на онлајн состанокот на министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, министерката за образование и наука, Мила Царовска, како и претставници од канцеларијата на претседателот на Владата и од Министерството за здравство со директорот на Светска банка за Северна Македонија, Масимилијано Паолучи, и експертски тим на Светската банка.

На состанокот се дискутираше за начинот на отпочнување на „Стратегија за развој на човечкиот капитал“, како еден од приоритетите на Владата, особено во пост ковид периодот, соопштија од Владата.

Инвестициите во човечки капитал се во центарот на „Стратегијата за раст и развој“, истакна министерот за финансии Бесими и посочи дека инвестирањето во човечкиот капитал е еден од столбовите на кои се заснова „Стратегијата за ревитализирање и паметен раст (Smarter Growth)“, со која ќе се постигне забрзување на економскиот раст на среден рок, а воедно ќе се постигне негова одржливост.

„Од исклучително значење е создавање и промовирање на еднакви можности, развој на човечките ресурси преку инвестиции во образованието, науката и здравството, поттикнување на поголема активност на работоспособното население и социјална заштита и социјално осигурување. Со вложување во човечкиот капитал и паралелно дејствување кон заздравување од ковид кризата, поттикнување на одржлив и инклузивен раст и подобрување на конкурентноста на приватниот сектор, стапките на економски раст кои порано се движеле од 2-2,5 отсто на среден рок можат да достигнат 4-5 отсто“, посочи Бесими.

Министерката Шахпаска истакна дека Министерство за труд и социјална политика ги адресира предизвиците на ранливите категории на граѓани, особено во услови на пандемија.

„Имавме можност да ја тестираме социјалната реформа донесена 2019 година и нејзината успешност и првите резултати ги видовме за време на кризата. Тоа искуство ни потврди дека сме на вистинскиот пат во правењето промени во општеството, преку поддршката на ранливите категории на граѓани. Имавме одлична соработка со Светска банка во делот на предучилишното образование и воспитување, социјално ранливите категории, младите лица, но и во поддршката на старите лица преку социјалните услуги”, посочи Шахпаска.

Министерката Царовска посочи дека образованието е клучно во градење на човечкиот капитал.

„Преку образовниот процес создаваме идни генерации кои треба да го градат, водат и развиваат нашето општество. Образованието е основа за создавање на квалитетен човечки потенцијал и Министерството за образование и наука и државата постојано ќе вложува во него“, рече Царовска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.