Соборот на Српската Православна Црква повторно апелира до сите луѓе и институции, кај нас и во светот, кои можат да придонесат за ослободување на Јован Вранишковски и за обезбедување на граѓанска рамноправност за сите припадници на таканаречената Охридската Архиепископија, да го кренат својот глас и што поскоро да направат сè што можат.
Здравјето на затворениот Вранишковски веќе сериозно е нарушено, во добар дел и заради затворските услови, се вели во соопштението за јавност, од Соборот на СПЦ.
Заседание на Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква под претседателство на Патријархот г.г. Иринеј се одржуваше од 21-ви Мај до 3-ти Јуни годинава, во Патријаршијата во Белград и во Ниш.
СПЦ ја потсетува домашната и светска јавност на страдањата на Јован Вранишковски, којшто по шести пат е затворен врз основа на нарачани лажни обвиненија и на монтиран судски процес.