Собранието на Република Македонија денеска изгласа мини-реконструкцијата на премиерот Груевски- во Министерството за образование и наука прв човек ќе биде досегашниот министер за труд и социјална политика Спиро Ристовски, а на негово место во Министерството за труд и социјална политика доаѓа Диме Спасов, досега директор во скопскиот Катастар.
За нов министер без ресор- задолжен за привлекување на странски инвестиции е назначен Џери Наумоф.
Премиерот Никола Груевски во обраќањето во Собранието изјави дека се работи за лица со стручно образование и искуство и дека се надева дека успешно ќе ги извршуваат новите функции.