Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собрание: Димитриев го фали Миновски, Николов однапред му упати барања

0
By Влатко Чаловски on June 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Привремениот премиер Емил Димитриев, во своето обраќање пред  пратениците кои денеска треба да го констатираат досегашниот прв човек на УЈП, Кирил Миновски за нов министер за финансии, вели Владата и покрај контекстот на политичката ситуација останувала максимално посветена во работата поради огромната поддршка од граѓаните.

Токму поради таа посветеност, Димитриев потенцираше дека се потребни силни кадри, каков што бил Миновски.

– Сметам дека располага со соодветен капацитет да работи на оваа функција. Има работено на голем број различни позиции во приватниот и јавниот сектор, директно бил вклучен во проекти во областа на финансиите, подобрување на конкурентноста, банкарството итн. Исто така бил ангажиран и од Светска банка што дава квалитет на неговото портфолио. Миновски извршуваше и две исклучително значајни позиции во Државниот пазарен инспекторат и потоа во УЈП. Покажал резултати и позитивно влијаел на проекти за подобра и поефикасна функционалност на овие две институции, порача Димитриев меѓу другото.

На ова реплицираше пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ, кој до идниот министер Миновски и премиерот Димитриев упати две барања.

– Првото барање е да троши помалку за чоколадо а повеќе за леб. Граѓаните ни се гладни, тие се сиромашни, бараат подобар животен стандард. Во изминативе 10 години додека го раководите буџетот, потрошивте многу пари на чоколади а малку за граѓаните. Им земавте 25 милијарди евра а им вративте околу 20 отсто од тие пари. Затоа Македонија руши рекорди во сиромаштија, по животен стадард и плати. Второто барање е да го зголемите нивото на транспарентност при трошењето на парите на граѓаните. Македонија се наоѓа на дното по транспарентноста, се наоѓаме на нивото со земји како Зимбабве, Уганда и Авганистан.

Николов им порача на Миновски и Димитриев да се откажат од економски промоции, патни трошоци и личен луксуз, а парите да ги насочат кон животниот стандард на граѓаните.

Во однос на работата на досегашниот министер за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески, кој поднесе оставка поради здравствени причини, и двајцата имаа пофални зборови за неговата стручност.

– Тој е личност кој покажа на дело како се сака Македонија. Многу примери од неговата посветена работа и резултатите го говорат тоа. Тој во 2006 година реши да ја напушти позицијата во Светска банка и да се врати во РМ со искрена желба директно да помогне за растот на економијата и процесот на закрепнување, во трасирање на нови економски трендови, во реформите итн, рече Димитриев за Ставрески, кој го опиша како секогаш посветен ,неуморен, домаќински грижлив.

Николов пак, вели со оставката на Ставрески, економскиот мотор на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ  останувал зарибан.

– Губите еден од столбовите и поддржувачите на целата економска и фискалана политика и тешко дека ќе успеете да го надоместите тој губиток. Јас сакам само на Ставрески, да му посакам добро здравје, рече Николов од говорницата.

Тој сепак нотираше дека јавниот долг на државата е на историско највисоко ниво, односно 45 отсто од БДП, а од 2008 наваму задолжена е за нови 3.5 милијарди евра.

Емил Димитриев Зоран Ставрески Марјанчо Николов министер за финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.