Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собрание:Шилегов бара избор на спикер, Димовски дебата за платформата

0
By Влатко Чаловски on March 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со потпис од 20 пратеници Талат Џафери од ДУИ е предложен за кандидат за претседател на Собранието, информираше пратеникот од СДСМ Петре Шилегов, според кого, апсурдно е да се држи во заложништво работата на Собранието од страна на ВМРО ДПМНЕ, со постојани меѓусебни реплики.

-Граѓаните се сведоци за зложничкото однесување со кое ВМРО ДПМНЕ го крши Деловникот. Ова е страв и избегнувње на одговорноста за криминалот. Се работи за дрско и безобразно кршење на Деловникот, што парламентарното мнозинство има обврска да не го дозволи, изјави Шилегов, дополнувајќи дека токму затоа 20 – мината пратеници поднеле иницијатива за избор на Талат Џафери за спикер на Собранието.

Шилегов рече дека надвор од секоја логика е Илија Димовски кој треба да биде претседател на Комисијата за избори и именувања сам да го кочи сопствениот избор и да се заврши со таа точка и да се премине на избор на претседател на Собранието.

Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ, пак, ги обвини пратениците од СДСМ за арогантност, бидејќи, како што рече, изминатите денови повикувале на дебата, а сега се изолирале од неа.

-Проблемот е што СДСМ не сакаат да дебатираат за Законот за јазици, за Платформата и јасно и отворено да одговорат за други работи рече Димовски.

На прашањето на НОВАТВ со кого изминативе три часа дебатираат пратениците на ВМРО ДПМНЕ, Димовски одговори дека тоа било „дебата со граѓаните“.

Тој појасни дека тоа што СДСМ го поддржале со 20 потписи Талат Џафери да биде кандидат за собраниски спикер, не значи дека во продолжението на седницата други дваесет пратеници нема да предложат и други кандидати.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.