Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ги „симна маските“- од денеска ќе се работи според нов ковид протокол

0
By Mirjana on April 19, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Согласно здравствените протоколи од денеска во Собранието новинарите ќе можат да ги следат седниците на собраниските тела во салите каде што се одржуваат, а се враќа во функција Прес-центарот во Парламентот.

За ова вчера на координација претседателот на Собранието Талат Џафери ги известил координаторите на пратеничките групи.

–Покрај тоа, се враќа во редовна работа и бифето до Прес-центарот. Дополнително, претседателот на координацијата ги извести присутните и за тоа дека по најновата донесена одлука на Владата за влегување во сила на новите здравствени протоколи за заштита од Ковид-19, и  во законодавниот дом се укинува мерката за задолжително носење маски во затворен простор. Сепак, мерката за мерење на телесна температура при влез во Собранието на Република Северна Македонија останува во важност, информираа од Собранието по одржаната координација.

Од собраниската прес-служба соопштија и дека Собранието на 28 април ќе одржи седница на која ќе бидат поставувани пратенички прашања.

-На редовната координација што се одржа во Собранието на  Република Северна Македонија, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги информираше присутните за активностите на законодавниот дом во наредните денови. Како прва активност, извести за одржувањето на новата 69. седница на Собранието на Република Северна Македонија на 19.04.2022 година (вторник), со почеток во 11.00 часот. Наредна активност ќе биде пленарната седница на која ќе се поставуваат пратенички прашања, на 28.04.2022 година (четврток), информира собраниската прес-служба.

На дневен ред на 69-та седница се предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС), како и предлог-законот за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и на добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан.

Пратениците, меѓу другото, ќе расправаат и за предлог-законите за инспекицски надзор во животната средина, како и за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини кои се со европско знаменце.

На дневен ред се и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за установите, и по скратена постапка предлог-законите за изменување на Законот за заштита на децата, за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги, за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, за изменување на Законот за заштита на децата.

Собранието ќе одржи и продолженија на 68-та и 64-та седница.

НОВ КОВИД ПРОТОКОЛ Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.