Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието го донесе Законот за решавање на спорот за „ГА-МА“ и одлуката за ДИК

0
By Нова ТВ on December 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието денеска попладне ги одржа 29-та седница, како и продолженијата на 19-та и 20-та седница, на кои беа изгласни Законот за решавање на спорот за „ГА-МА“, Законот за инвалидски организации, како и одлуката за огласување на избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија, пренесува МИА.

Предлог Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, беше повлечен.

Пратениците во продолжението на 20-тата седница денеска со 60 гласа „за“, 30 „против“ и без „воздржани“ го донесоа Закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба.

По гласањето, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, рече дека законот ги крши членовите 8, 52, 55, 68, 98 и многу други од Уставот и го повика претседателот на Републиката да не го потпише указот за прогласување на овој, како што рече, скандалозен закон.

– Најавуваме дека ќе поднесеме постапка за оценување на уставноста на овој закон, кој што за жал, луѓето од Владата немаа храброст да го потпишат затоа што знаеа дека ова законско решение е неуставно, па прво пробаа преку Државното правобранителство да го протнат и на крај го најдоа решението преку владејачкото мнозинство и овие 62 пратеници да го потпишат овој закон, изјави Мицевски.

Расправата по ова законско решение почна во петокот и траеше повеќе од 21 час за време на викендот.

Собранието на 29-та седница со 85 гласа „за“, без ниту еден глас против и воздржани ја увсои и одлуката за огласување на избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија.

Без ниту еден пријавен за расправа по точките пратениците разгледаа повеќе точки на дневен ред. Со 61 глас „за“ без ниту еден глас против и воздржан го донесоа и Законот за ратификација на Технички аранжман меѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за национална одбрана на Грција за заштита на воздушниот простор FIR SKOPJE (LWSS).

Собранието со 61 глас „за“ и без ниту еден глас против и воздржан го донесе Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за измена на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за реципрочно признавање на возачки дозволи.

На оваа 29. седница, како точки на дневен ред, меѓу другите, се предложени и Предлог на законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година, по скратена постапка, кој во собраниска процедура е со европско знаменце.

Претседателот на Собранието Талат Џафери тука ја прекина работата по оваа седница и проодлжи со работа по 19-тата седница, по што беше усвон Законот за изменување на Законот за инвалидски организации, по скратена постапка, а предлог Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, беше повлечен.

По експресното завршување на неколку од точките на дневен ред, Џафери ја затвори работата на Собранието за денеска и најави дека дополнително ќе биде закажно продолжението на 29-тата седница.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.