Доцна синоќа Собранието по брза постапка го донесе Законот за медицински студии. Станува збор за закон кој сериозно навлегува во автономијата на универзитетот, а на министерот за здравство му дава дискредициони права да одлучува за работи кои се однесуваат на предметите и испитите на студентите.
Законот беше ставен во собраниска процедура, а во исто време се одвиваше расправа по непрочистениот текст. Лекарите имаа многу забелешки на несоодветно преведениот текст, за кој сметаат дека во иднина ќе донесе катастрофални последици во образовниот систем на медицинскиот факултет.