Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието го верификува мандатот на пратеничката Ваљбона Адили Емини од Вреди

0
By Marija Todorovska on May 28, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието денеска го верификува мандатот на пратеничката Ваљбона Адили Емини која доаѓа на местото на пратеникот Салим Сулејмани од коалицијата Вреди.

Претходно денеска, пред почетокот на 52. седница, Собранието констатираше дека престанува пратеничкиот мандат на Салим Сулејмани, кој на 18-ти месецов поднесе оставка од сите функции во Алијанса за Албанците и од функцијата пратеник во Собранието.

Собранието денеска ја донесе и одлуката за давање овластување на спикерот Африм Гаши за склучување на поединечни колективни договори со претседателите на синдикатите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле” Охрид,  Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје и на Универзитетот „Св. Климент Охридски” Битола.

Воедно, на денешната седница беше прифатен предлогот на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ за дополнување на дневниот ред за Предлог-измени на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување по скратена постапка. Според Стојановски, се работи за мала измена, но која е потребна за да се задржи системот на исплата на пензиите функционален и да не се доведе во прашање исплатата на пензиите.

При точката со Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ побара пауза поради, како што наведе, неусогласености на предлогот.

 Во едниот текст стои дека е договор во врска со партнерството, а во англиската верзија стои спогодба и не може да се смета за меѓународен договор. Ако ги гледаме двете верзии, особено ако ја видиме англиската верзија, ова е ништовен документ затоа што во англиската верзија стои дека потпишал потпретседател на Република Северна Македонија, ние како држава немаме таква функција, а во македонската верзија стои дека потпишал заменик претседател на владата на РСМ, ако е вака, тогаш нема апсолутно важност и тоа ќе мора да се исправи, посочи Спасовски.

седница Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.