Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ќе одржи продолженија на шест седници

0
By Ivana on March 23, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието денеска треба да одржи продолженија на шест седници, на 47-та, 50-та, 54-та, 57-та, 61-та и 64-та седница.

Пратениците на продолжението на 47-та седница ќе расправаат за измените и дополнувањата на Законот за концесиии и јавно-приватно партнерство, за Предлог-законот за изменување на Законот за домување, Предлог-законот за изменување на Законот за животната средина, сите по скратена постапка.

На дневен ред на оваа седница се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и Предлог-законот за продажба на станови во државна сопственост доделени на користење на вработени во Министерството за внатрешни работи и безбедносно разузнавачки служби, двата во прво читање.

Пред пратениците на продолжението на 50-та седница се Предлог-законот за парничната постапка, Предлог-законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, сите во прво читање.

На дневен ред на продолжението на 54-та седница се Предлогот за избор на заменици на народниот правобранител, Предлог-законот за финансиска стабилност, во прво читање, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, во второ читање.  На дневен ред на оваа седница се и Предлог на резолуција за правните и моралните аспекти на Ковид-вакцинацијата,  поднесен од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов, како и Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка.

Извештајот на Европската Комисија за Република Северна Македонија за 2021 година, Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2022 година, Годишната програма за работата на Агенцијата за пошти за 2022 година, Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2022 година се на дневен ред на продолжението на 57-та седница.

Пратениците на продолжението на 61-та седница ќе расправаат за Предлогот за именување член на РКЕ, за Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022 година, за Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2022 година и за Финансискиот план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2022 година.

На дневен ред на 64-та седница се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за животната средина, на Законот за внатрешни работи, на Законот за полиција, сите во второ читање. Како последна точка на оваа седница е Предлогот на декларацијата по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

ВЕСТИ October 23, 2025

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во…

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

October 22, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.