Врховниот совет (собранието) на Крим донесе денеска начелна одлука за пристапување на таа автономна република како субјект на федерацијата во состав на Руската Федерација, јавуваат руските агенции.
Потпретседателот на руската Дума, Сергеј Неверов изјави дека оваа одлука е историска.
„Ние сме еден народ, кој поради неодговорната воља на партиските функционери беше поделен“, изјавил тој за Итар-тас.
Предходно беше соопштено дека референдумот за статусот на Крим, на кој ќе биде поставено прашањето за припојување кон Русија, ќе се одржи на 16 март.
Итар-тас потсетува дека рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека Русија нема планови за присоединување на Крим.
Европската унија рано утрово соопшти дека санкциите кои вчера ги воведе Украина, се однесуваат на претседателот Виктор Јануковиќ, објавувајќи ги официјално имињата на другите личности на кои се однесува таа казнена мерка.
Вкупно 100 луѓе загинаа во Киев од 30 ноември минатата година како последица на протестите и судирот на демонстрантите и полицијата во украинската престолнина, соопшти денеска министерството за здравство на Украина.