Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието пред усвојување на Законот за служба во Армијата

0
By Mirjana on July 25, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред пратениците денеска е Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, во рамки на 71-вата седница.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки рече дека нивната пратеничка група ќе ја поддржи одлуката, но забележа дека се доцни со испраќањето на припадник на Армијата во мисијата АЛТЕА, а со тоа, како што рече, се нанесува штета на имиџот на државата, бидејќи нешто што е договорено треба и да се испочитува.

„Не сакам да го критикувам Министерството за одбрана, кое навреме го достави предлогот за испраќање на припадник во АЛТЕА. Меѓутоа, владејачкото мнозинство не успеа во изминатиот период да ја донесе одлуката, потенцира Ковачки.

Тој потсети дека, при утврдување на дневниот ред на 71. седница, пратеничката Ане Лашкоска побарала точката за испраќање на припадник во мисијата АЛТЕА да биде ставена прва за да не доцни со упатувањето на војникот.

„Рокот за испраќање на припадникот на Армијата беше јуни, а сега е јули, рече Ковачки.

Тој го обвини мнозинството дека мината недела не успеало да го донесе и Законот за служба во Армијата, кој опозицијата го поддржува, а со кој се решава статусот на армиските припадници и оти поради негово недонесување, лица чекаат по 20 месеци да заминат во пензија.

Пратеникот од СДСМ Миле Талески, како претседател на Комисијата за одбрана, во одговорот до Ковачки посочи дека Предлог одлуките за испраќање на војници биле усвоени на Комисијата за одбрана, но дека работата била закочена во Законодавно-правната комисија.

„Комисијата за одбрана ги усвои предлог одлуките за испраќање на војници, но вие ја блокиравте Законодавно-правната комисија на која требаше да поминат одлуките, рече Талевски.

Во врска со Законот за служба во Армијата, Талески рече дека за негово недонесување виновна е опозицијата која го блокирала со поднесување на 2000 амандмани.

„Една година припадниците на Армијата не ги добиваат бенефитите од овој Закон кој ВМРО-ДПМНЕ со 2.000 амандмани го блокираше со една цел – да ве заштити вас лично односно во делот каде пишува дека припадници на Армијата не смеат да бидат членови на политички партии, односно да бидат на високи позиции во Армијата, рече Талески.

По барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Собранието даде еден час пауза.

71 СЕДНИЦА Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.