Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието расправа за разрешување на пратеникот Фадил Зендели, опозицијата обвинува дека се крши Деловникот и Уставот ВИДЕО

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 2, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието денеска повеќе од два часа расправа за предлог одлуката за разрешување на членот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Фадил Зендели од БЕСА. Иницијативата е поднесена од пратениците Талат Џафери, Јован Митрески, Горан Мисовски, Диме Велковски, Снежана Калеска Ванчева, Дарко Каевски, Даниела Николова, Боби Мојсоски, Панчо Минов, Марија Георгиевска и Жаклина Лазаревска за да се одблокира работата на собраниската комисија.

Пратеникот Јован Митрески пред да почне седницата предупреди дека со месеци во македонското Собрание гледаме една иста слика на опструикција на парламентот од страна на како што рече, ВМРО-ДПМНЕ.

– Од ваквите опструкции и блокади, собраниските седници траат предолго, носењето на закони во интерес на граѓаните чекаат со месеци, заглавени се во комисиите кои ги води опозицијата. Со еден збор, тоа не е само континуирана штета на угледот на Собранието, тоа е штета на ефикасноста, а со тоа предизвикуваат штета и на граѓаните. Вчера цел ден граѓаните можеа да видат како пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја одолговлекуваа собраниската седница. Не дозволуваат парламентарното мнозинство да биде пресликано и во работните тела и комисиите, рече Митрески.

Тој додаде дека работата на Комисијата за избори и именувања со месеци е закочена, а таа е важна за избор и именување на составите на важни државни институции.  Една од нив, секако е и Уставниот суд кој со месеци работи во нецелосен состав.

– Со одолговлекувањето на оваа седница, ВМРО-ДПМНЕ кочи и други важни закони кои се на дневен ред, меѓу кои и Законот за земјоделство и рурален развој кој обезбедува 100 отсто субвенционирана нафта за земјоделците, од досегашните 50 отсто. Тоа значи целосно покривање на трошоците за нафта, рече Митрески.

Покрај ова, со месеци во Собранието гледаме блокада на други важни закони. Блокиран е Законот за наставниците и стручните соработници во основното и средното образование кое обезбедува повисоки плати за 27.000 наставници, додаде пратеникот од СДСМ.

– Законот за служба во Армијата кој носи подобри услови за пензионирање на војниците, можност на војниците да бираат дали ќе продолжат во јавна служба или ќе добијат надомест до 20.000 евра,  исто така е блокиран.Повеќе од една година е блокирана и изградбата на нов Клинички центар во Скопје, рече Митрески и порача дека блокадите на опозицијата нема да успеат.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата смета дека обидот да се разреши пратеникот Фадил Зендели е грубо кршење на собранискиот Деловник и на Уставот на Република Македонија, кое како што велат се обиделе да го спречат со 400 амандмани кои веднаш биле отфрлени.

Дафина Стојаноска, претеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пред да почне седницата реагираше дека, како што рече, Собранието повеќе не е претставнички дом на граѓаните, туку е претворен во „кадровско-партиски штаб на СДСМ и ДУИ.“

– Овој законодавен дом од вчера е претворен во алатка за пресметка на СДСМ и ДУИ со своите политички противници, газејќи се’ пред себе, и Устав и Деловник, но и волјата на граѓаните. Преседанот кој што се случуваше вчера, а очигледно ќе продолжи и денес, го покажа вистинското лице на СДСМ и ДУИ и нивната лажна заложба за нормално функционирање на Собранието, изјави Стојаноска.

Според пратеничката Гордана Силјановска Давкова власта не може да се повикува на народната волја, ако таа не е пресликана секаде. Според неа владејачкото мнозинство направило преседан и со изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, кој доаѓа од партија која има само 15 пратеници, а во компаративното право, претседател на законодавниот дом доаѓа од редовите на пратеничката група со најголем број на пратеници, поради легитимитетот.

Дневниот ред на седницата беше изгласан вчера вечер по целодневна расправа во која пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараа првата точка од дневниот ред  за разрешување на членот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Фадил Зендели, да се смени со други точки од дневниот ред. Според опозицијата мнозинство сака Зендели повеќе да не биде член на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, зашто им е потребно мнозинство за, како што рекоа, да аминуваат штетни политички одлуки. Од владејачкото мнозинството, пак, сметаат дека треба да се запази деловничкото правило распоредот на пратеничките мандати да се преслика и во работните тела на Собранието.

Освен разрешувањето на Зендели, на дневен ред на седницата се и предлог законите за дополнување на Законот за Јавното обвинителство, на Законот за Советот на јавните обвинители и за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, трите по скратена постапка и поднесени од пратеници од владејачкото мнозинство.

На седницата се и дополнетите предлози на законите за изменување и дополнување на Законот за животната средина и на Законот за внатрешни работи, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за полиција, трите во второ читање.

По скратена постапка треба да се разгледа и Предлог законот за изменување на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, а во прво читање е Предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Стојанка Митреска

блокада Собрание Фадил Зендели
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.