НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собраниски патрдии

0
By Нова ТВ on October 8, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предметот на гласање беше многу јасен: дали да се продолжи мандатот на СЈО и дали да се измени законот за заштита на сведоците. Нема тука ништо спорно, или сте за, или сте против. Нема неутралност, бидејќи неутралноста во овој случај значеше гласање против: па заради 10 неутрални гласа измените не поминаа! Што повеќе да се каже, освен да се повтори славната реченица на Данте: “Најтемните места во пеколот се резервирани за оние кои ја чуваа својата неутралност во време на морална криза”

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор во Универзитетот на Југоисточна Европа

Што треба да направи човек кога во највисокиот законодавен дом, пратениците на отворен начин го подржуваат криминалот преку тоа што гласаат против продолжувањето на мандатот на Специјалното јавно обвинителство a тоа го оправдуваат со изјави дека нема да гласаат за ништо што не е опфатено во договорите од Пржино? Како да се помири човек со таквото цинично објаснување после изминатава година? Тие не прифаќале ништо надвор од договореното! А дали помилувањата на Иванов беа договорени во Пржино? Бидејќи тоа очигледно беше потполно спротивно на таму договореното, па дури и изгуби три вредни месеци од работата на СЈО за кое токму во Пржино се договорија дека треба беспрекорно и непречено да функционира. Да не се договорија во Пржино и за тоа Основен суд Скопје 1 да ги отфрли речиси сите барања на СЈО? Сигурно во Пржино се договориле и Собраниската комисија за политички прашања со недели да ја испрашува главната Специјална јавна обвинителка во врска со нејзиниот уредно доставен извештај. И за вештаците кои одбиваат да даваат вештачења сигурно во Пржино се договориле, па и за изгубените изборни списоци во предметот Титаник.

За сите овие работи во Пржино ли се договорија за да истите се случат и да доаѓа денот кога тие 18 месеци ќе станат едноставно недоволни за да се изврши таква огромна работа со уште по огромни попречувања. Затоа, господа, кога држите лекции за тоа што е уставно и законски, кој е над уставот и што се договарало во Пржино, не заборавајте дека во услови на важење на тие правила, не би ни имало потреба СЈО да постои.

А како да се однесува човек кој гледа како пратениците за кои тој гласал не се на своето работно место, отсутни се, за време на гласањето за продолжувањето на мандатот на СЈО и измените на Законот за заштита на сведоци кои таа ги побара како неопходни за да може да ја истражи суштината на најконтроверзните предмети во правосудството на оваа држава: Монструм, Сопот и Мартин Нешковски?

А што да помисли човек за некои од нив кои биле таму, па сепак не гласале? Толку ли им е тешко да се одлучат дали се за или против тие закони па не можат тоа проклето копче да го притиснат? Каква ли координација им треба за да знаат како да гласаат за работи кои најблаго кажано се црно-бели? Очекуваат ли од странските амбасади да ги повикаат на телефон при секое гласање па да им кажат што да прават? Не се ли способни самите да одлучат што е важно за нив и како со тоа да постапуваат?

Измените во Законот за СЈО и во Законот за  заштита на сведоците не поминаа за тесни 10 гласа. Тој ден во Собрание имаше 22 пратеници Албанци кои не беа присутни или не гласаа за овие измени. Со тоа тие изгубија многу вредна шанса јасно и гласно да покажат и докажат дека се против криминалот во оваа држава (така како што милуваат да кажат јавно по дебати и дискусии) и дека навистина ја подржуваат работата на СЈО (што е уште едно нивно тврдење кое често го повторуваат). Потоа, во нивните изјави, се правдаа дека од предлагачите на измените во законите не биле порано координирани во врска со гласањето.

Прво и основно, политичките партии кои ги потпишаа договорите Пржино и Пржино 2 речиси две години се координираат за овие работи, така што, не ми е јасно какви други неопходни координации им се потребни непосредно пред гласање. Зошто сеуште не им е јасно дека во духот на двата меѓупартиски договори е постоењето на СЈО и нејзината непречена работа. Како се осмелуваат да го игнорираат фактот дека нивна обврска е да создадат услови во кои СЈО ќе истражува кој и зошто прислушувал и ќе покрене обвиненија во врска со казнени дела поврзани со или кои произлегуваат од прислушуваните материјали. Што е тука нејасно?

Второ, ако меѓународните олеснувачи кои помагаа во процесите во Пржино сакаа СЈО да постои само формално, не би ни инсистирале на нејзиното формирање. На крајот на денот, кому му е потребно уште една формална државна институција која само формално постои а всушност ги спроведува владините политики наместо да ги штити интересите на граѓаните? Такви институции имаме многу, а оваа е суштинската измена која тој договор имаше за цел да ја воспостави.

Трето, аргументите дека тие измени се предложени од страна на една партија која сака да се воспостави како главен бранител на работата на СЈО едноставно не држат. Па зошто некоја од другите три партии не ги предложи истите измени па да оценуваа после поведението на другите. А зошто е воопшто битно која од партиите кои беа дел од Пржино предлага такви измени? Каква врска има тоа со начинот на гласање? Предметот на гласање беше многу јасен: дали да се продолжи мандатот на СЈО и дали да се измени законот за заштита на сведоците со цел СЈО да биде во можност да ги заштити своите сведоци. Јасно како бел ден. Нема тука ништо спорно, или сте за, или сте против. Нема неутралност, бидејќи неутралноста во овој случај значеше гласање против: па заради 10 неутрални гласа измените не поминаа! Што повеќе да се каже, освен да се повтори славната реченица на Данте: “Најтемните места во пеколот се резервирани за оние кои ја чуваа својата неутралност во време на морална криза”. Таква неутралност која оди во прилог на неказнувањето на тежок криминал не ни е потребна. Таквата неутралност на суети кои се навредуваат од тоа што не биле консултирани или координирани, ја попречуваат правдата, а за попречување на правдата следува одговорност која порано или подоцна треба да се сноси.

Четврто, како тоа тие пратеници убаво се координираат да носат закони заедно со нивниот коалиционен партнер, од типот на Предлог законот за забрана за поседување, обработка, објавување и располагање со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникациите, кој впрочем е во потполна несогласност со сите препораки на Венецијанската комисија а истиот во нашево Собрание се става во експресна процедура за да помине што е можно побрзо пред распуштањето на Собранието па да не можеме никако да ги слушаме веќе објавените разговори за тежок криминал во државава, иако таквата целосна забрана е во спротивност со јавниот интерес?

Со каква леснотија се координираат за таков закон и за безброј други закони кои секојдневно заеднички ги предложуваат и гласаат во Собрание, а пак за законите важни за СЈО, за кои се договорија безброј пати во Пржино никако да се координираат? Горенаведениот закон кој популарно е наречен Законот за бомбите, исто така е дел од преговорите во Пржино и треба да е усогласен со препораките од Венецијанската комисија и од Извештајот на Прибе. Сепак таквиот закон е предложен во скратена постапка без некаква координација или било каков консензус со опозицијата. Како тоа толку упорно се бара консензус за измена на законите побарани од СЈО а не се бара консензус за новопредложениот закон за бомбите? Дали под консензус се сфаќа само договорот меѓу владејачките партии?

Петто, како е можно пратениците Албанци да не разбираат дека законите кои се поврзуваат со Монструм, Сопот и други слични случаи кога се појавуваат на дневен ред не може да бидат предмет на дополнително договарање и преговарање или пак координирање, туку за нив директно се гласа за да се помогне обелоденувањето на вистината. Впрочем секој од нас знаеше дека тој ден на дневен ред беа предлог измените за тие закони, затоа, отсуството на пратениците Албанци е сосема неоправдано. За да се изгласаат тие измени се очекуваше токму од лидерите на двете поголеми албански партии да бидат тој ден во Собрание и со сите нивни пратеници едногласно да ги изгласаат. Впрочем токму за тоа имаат мандат, за да ги претстават интересите на Албанците во тоа Собрание, а обелоденувањето на вистината за тие предмети е меѓу нивните најважни интереси.

Од Албанците, кои долго време систематски биле дискриминирани во оваа земја, се очекува еден поинаков однос кон правдата и посилно работење кон достигнување на истата. За Албанците во оваа држава посебно е важно постоењето и работењето на СЈО како независен орган кој објективно ќе работи за достигнувањето на правдата. Албанците треба проактивно да работат во поддршката на СЈО, а не само да се ограничуваат во декларативната поддршка дадена од нивните политички претставници.

Сите државни службеници Албанци треба доброволно да и помагаат на СЈО, судиите Албанци треба доброволно да пристапуваат кон судењето на предметите на СЈО. Ова е нивната шанса директно да придонесат во воспоставувањето на правдата. Ова е нивната шанса да покажат дека знаат институционално да работат а не само партиски да слугуваат. Ова е нивната шанса да покажат дека умеат да водат во овие клучни процеси, а не само да ги следат своите партнери, сегашни или идни. Албанците едноставно не можат да си дозволат да бидат неутрални во овие околности.

 

 

 

 

 

Закон за заштита на сведоци СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.