Ирина Родњнина , некогаш позната и успешна лизгачка на поранешниот комунистички Советскиот Сојуз, која заедно со поранешниот хокеј Владимир Третјак во петокот вечерта го запали олимпискиот оган, а барем судејќи по нејзиното последно однесување таа е расистка која нема желба да понуди барем бенигно јавно извинување.
Оваа некогаш голема спортистка, во септември на Твитер профилот објави слика на американскиот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел со банана пред нив во крупен план.
Ирина Родњина (56), која е сега заменик во Думата, Долниот дом на рускиот Парламент, како член на Путиновата Обединета Русија, пред новинарите на лондонскиот Гардијан вели:
-Јас не гледам ништо лошо во тоа. Јас не гледам зошто некој би требало да се извини.
Таа рече дека снимката ја добила од пријател во САД.
– Слободата на говорот е слобода на говорот – ова е нејзиниот краток став како “објаснување” за Лондонски Гардијан.
Организаторите на целата церемонија, не гледаат скандал.
– Ирина Родњина е една од најдобрите спортисти во светот, а Олимписките игри се над политиката – рече Дмитриј Чернишенко.
Се огради и МОК (Меѓународниот олимписки комитет)