Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Софија: По 15 години, прв самит ЕУ – Западен Балкан, но не и последен

2
By Нова ТВ on May 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европските лидери се подготвуваат за дводневниот состанок во Софија што ќе се одржи на 17 и 18 мај, посветен на Западниот Балкан, прв од овој вид по петнаесет години, но не и последен.

– Ова е првпат по 15 години ЕУ да се сретне со своите партнери во овој формат, последниот пат беше во 2003 во Солун, но ова нема да биде последна средба во овој формат. Се договоривме дека ќе има уште еден ваков формат во 2020 под хрватско претседателство, што ја демонстрира волјата на ЕУ повторно да се ангажира во регионот после предолга пауза, изјави висок дипломатски извор близок до Европскиот совет кој денеска ги брифираше европските дописници во Брисел за подготовките за Самитот.

Самитот ќе биде поделен на два дела. Во среда ќе се сретнат лидерите на 28-те земји членки на ЕУ. На овој состанок ќе биде усвоена декларација која треба да ја потврди „европската перспектива“ на регионот, но на која нема да стои потписот на лидерите од Западниот Балкан, поради земјите кои не го признаваат Косово. Од истата причина шпанскиот премиер Мариано Рахој ќе го напушти состанокот таа вечер и нема да присуствува на Самитот со земјите од регионот, иако четири други премиери на ЕУ кои не го признаваат Косово ќе учествуваат на овој самит.

– На самитот со земјите од регионот Шпанија ќе ја претставува нивниот амбасадор при ЕУ, потврдија дипломатски извори.

На вечерата, пак, лидерите ќе разговараат за дигиталната иновација, за претстојното стапување на сила на новата регулатива за заштита на личните податоци во ЕУ, како и за трговските прашања со САД и американското повлекување од договорот со Иран.

Што се однесува до Западниот Балкан, лидерите на ЕУ, освен што ќе ја потврдат „европската перспектива“ за Западниот Балкан, ќе ја нагласат важноста на проектите од областа на конективноста – како инфраструктурна така и дигитална – помеѓу земјите од регионот и со земјите од ЕУ.

Одговарајќи на критиките дека прашањето за конективноста се користи за да се дефокусира од недоволната заложба на ЕУ кон проширувањето, дипломатот одговори дека „не треба да се минимизира релевантноста на конективноста“.

– Патување помеѓу две престолнини во регионот трае подолго отколку пат во Токио. Дури и во контекст на конективноста искусивме тензии поврзани за тешката историја, наведува дипломатот.

ЕУ е критикувана и за нацрт формулацијата на софиската декларација, која неколкумина ја оценуваат како „послаба“ од солунската во 2003. Имено, во 2003 декларација споменуваше „крајно зачленување“ на земјите од регионот во ЕУ, додека софиските нацрт формулации за сега не одат толку далеку.

Високиот дипломатски извор од Европскиот Совет денеска изјави дека софиската декларација ќе се повика на солунската агенда од 2003, но додаде дека главната одговорност за интеграција во Европската Унија ја имаат самите држави кандидати и аспиранти, не ЕУ.

– На лидерите од регионот е да предизвикаат позитивна реакција од страна на ЕУ, тоа бара позитивни пораки од регионот, тоа исто така ќе ја смени перцепцијата за прошриувањето, додава тој.

Дипломатот го посочи можното решение помеѓу Македонија и Грција за спорот за името како една од тие „позитивни пораки“ кои би можеле да дојдат од регионот  и да предизивкаат „позитивен одговор“ од лидерите на ЕУ.

Самит ЕУ Западен Балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.