Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Софија се обидува вештачки да прикаже Бугари во Голо Брдо-реагираат Македонците во Албанија

0
By Mirjana on December 27, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) реагираше во врска со, како што наведе, „последното однесување на бугарската Амбасада во Тирана, со цел вештачко прикажување на Бугари во областа Голо Брдо“.

– Партијата Македонска алијанса за европска интеграција, го осудува однесувањето на бугарската Амбасада во Тирана, која во пресрет на новогодишните празници им дели подароци за пропагандни цели на учениците од гимназијата „Елез Кочи“ во Острени и училиштето „10 покојници” во Требиште, во областа Голо Брдо, претставувајќи ги како бугарски ученици, се наведува во партиската реакција. МАЕИ додава дека во областа Голо Брдо немало и нема бугарско малцинство, туку со векови тука живеат само Македонци, кои се горди на тоа.

– Трајно се врежани во меморијата на жителите на Голо Брдо, бугарските злосторства за време на окупацијата на областа на Голо Брдо од страна на Бугарија во Првата светска војна.

Елез Кочи, чие име денес го носи средното училиште во Острени, бил убиен во 1916 година од страна на бугарската војска, која жив го закопала кај реката во селото Врница во Голо Брдо, се наведува во реакцијата. Жителите на областа Голо Брдо, се потенцира во партиската реакција, очекуваат официјално извинување од Бугарија за злосторствата извршени за време на Првата светска војна.

– Однесувањето на бугарската Амбасада во Тирана, која ја користи сиромаштијата во областите каде што живее македонската заедница во Албанија, прикажувајќи ја како бугарска заедница, е примитивна перверзија и историско искривување на вистината, констатира МАЕИ во реакцијата.

Албанија Бугарија Македонска алијанса
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.