Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Софијанова: Не сум само јас виновна за грешката, одговорна е цела Комисија

0
By Менче Атанасова Точи on February 11, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Подготвена сум да поднесам морална одговорност, но во случајот со Тамара станува збор за колективна одговорност на сите членови на комисијата. Наредбата девојчето да не се праќа во странство стигна од Фондот за здравство со образложение да се почека да биде отворен спиналниот центар за таму да се ревидира случајот, а дури потоа да се одлучи дали да се прати во странство. Вака денеска пред новинарите започна својата страна на приказната Аспазија Сфијанова, откако вчера се обелодени дека таа е потписник на решението до Второстепената комисија која ја одби Тамара да се лекува во странство.

„Размислувам да си дадам оставка во комисијата, од морални причини. Но, за грешки во комисијата сите сме одговорни. Јас сум педијатар не давам мислења за вакви случаи и моето мислење во случајот не беше важно. Се одлучуваше колективно, а најодговорни се ортопедите, особено матичниот ортопед кој ја следел состојбата на девојчето“ изјави денеска Аспазија Софијанова директорка на Клиниката за детски болести.

Како што рече Софијанова, “таа го потпишала решението во услови кога претседавачот на комисијата Анастасика Поповска со месеци не доаѓал бидејќи била на боледување, а заменик претседателот бил во пензија“.

„Бев во странство кога одлучувале за случајот на Тамара. Техничко лице од Фондот ми се јави на телефон и ми ја соопшти одлуката.„Решивме негативно, ќе се почека, случајот може да почека до отварање на спиналниот центар“, изјави денеска Аспазија Софијанова директорка на Клиниката за детски болести.

Одлуката за да биде одбиена Тамара која дошла од „горе“според Софијанова е од Фондот, а документот бил испратен во комисијата. Во Фондот и Министерството за здравство не го признаа и ова го негираа. Од каде дошле инструкциите за случајот на Тамара да се разгледува дури откога ќе се отвори спиналниот центар, кој с е промовираше пред две недели, останува само да се претпостави.

Шокантно е што лекарите од комисијата како тим никогаш не го виделе девојчето, не знаеле во каква состојба е, а носеле одлуки. Всушност, тие само ја препишувале одлуката на првостепената комисија.

Она што е индикативно е дека во државата не постои лекар кој можел да ја оперира Тамара поради тежината на деформитетот, а семејството и претходно две години барало одобрение за странство бидејќи кај нас немало лекар кој ќе ја извади шипката која била ставена на претходната операција во Загреб. Со растењето шипката станала кратка за рбетот на девојчето, а искривувањето се зголемувало, притискајќи на внатрешните органи и срцето.

„Улогота на Фондот треба да биде покооперативна, нивото на комуникацијата меѓу институциите треба да се подигне, а ние лекарите треба да бидеме поборбени. Човечкиот живот не треба да има администартивни пречки “, рече Софијанова на денешната средба со новинарите.

Претседавачот на Второстепената комисија, Анастасика Поповска , инаку мајка на министерот за надворешни работи Поповски, не беше достапна за новинарите. Илир Хасани, ортопедски хирург кој е еден од тројцата лекари кои дале мислење Тамара да се оперира во странство бидејќи можностите во државата се исцрпени, беше заминат од ноќно дежурство. Истиот лекар е член и од Првостепената комисија која го одбила лекувањето на Тамара во странство. Вчера, кога го контактиравме рече дека не знае по кој основ е одбиено барањето.

„Јас инсистирав порано да замине на лекување и тоа во специјализирана установа во странство“, изјави вчера за НОВА Хасани. Мајката на Тамара само кратко одговори дека сите се виновни за смртта на Тамара и дека секој треба да си ја сноси вината.

–

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
ФОКУС

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

ВЕСТИ October 10, 2025

Нобеловиот комитет соопшти дека добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година е венецуелската…

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.