Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Софијанова:Одлуката каде ќе се лекува Тамара дојде од повисоко ниво

0
By Менче Атанасова Точи on February 10, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлуката за малата Тамара да не се лекува во странство дошла од повисоко ниво, се чекало да се отвори новиот спинален центар за таму да се лекува девојчето, тврди за НОВА Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести.

Софијанова вели дека во моментот кога одлучувала Второстепената комисија, таа не била во државата, одлуката се договарала по телефон. Иако нејзиниот потпис стои на Решението со кое се одбива Тамара да оди на лекување во странство, Софијанова објаснува дека не е претседавач на Комисијата, туку само ја менувала доктор Анастасика Поповска инаку мајка на министерот за надворешни работи, која била болна во тој период.

„Не сум претседавач на комисијата која одлучуваше за Тамара, само ја менував Анастасика Поповска која е всушност претседател на Второстепената комисија, но сум член во комисијата. Јас сум поптпишана на местото на Анастасика Поповска, што не значи дека се согласувам со одлуката. Одлуката дојде од повисоко ниво, се чекаше да се отвори новиот спинален центар за таму да се лекува малата Тамара. Јас во тој период не бев во државата, а одлуката се донесе по телефон“изјави за НОВА доктор Софијанова.

Таа вели дека многу и помогнала на мајката, ја советувала како да ја напише жалбата, правеле планови каде заедно да ја носат Тамара на операција. Ја одбрале Куба. Но, вели Фондот за здравство калкулирал, се барале опции каде поефтино ќе чини лекувањето.

„Душата ме боли за девојчето, но таа не беше педијатриски случај. Јас ја советував мајката на Тамара, доаѓаше кај мене, планиравме, плачевме заедно. Ниту една партија на светот не може да ме смени во однос на децата и нивното лекување. Затоа тешко ми падна кога луѓето почнаа да ми с е јавуваат и да ме прашуваат за случајот “ изјави видно вознемирена Софијанова.

Со ова, уште еднаш се отвора прашањето, кој всушност одлучува каде ќе се лекуваат тешко болните во државата. Дали тоа го прават лекарите во комисиите назначени за тоа или одлуките се диригираат од друг центар на моќ, од повисоко ниво, со цел да се заштедат повеќе пари во здравствената каса.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.