Бугарскиот министер за надворешни работи Кристиан Вигенин му порачал на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека софискиот “пас“ за македонска интеграција во Унијата зависи од првиот чекор, парафирање на Договорот за добрососедство.
На средбата во Софија, како ншто јавува телевизија Алфа, Вигенин му соопштил на Ахмети дека очекува паралелно со преговорите за договорот, Скопје и Софија да осмислат заеднички иницијативи кои што ќе придонесат за дополнително зголемување на довербата меѓу двете држави.
Ахмети смета дека односите со сите соседи се исклучително важни а за него не постојат причини меѓу Бугарија и Македонија да се креват барикади, туку дека е потребен разговор, оти кога ќе почнел дијалог, реално било да се стигне до компромисно решение за сите отворени прашања.
Шефот на бугарската дипломатија и лидерот на ДУИ се согласиле дека членството во Унијата е исклучителна можност која треба да се искористи, при што Вигенин нагласил дека тоа бара компромиси кои секоја држава ги прифатила во име на иднината на своите граѓани.