Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сојузот на стопански комори се вклучи во регионална иницијатива за справување со климатските промени

0
By Biljana on March 23, 2022 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 23, 2022 10:26

Сојузот на стопански комори на Македонија се приклучи кон невладината организација „Зелен навигатор на Западен Балкан“.

Оваа НВО делува во насока на намалувањето на влијанието на климатските промени врз регионалната економија и општеството.

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски, кој стана член на Управниот одбор на невладината организација, вели дека со заедничка соработка на економските оператори и институциите од земјите на Западен Балкан, може да се воспостави рамнотежа помеѓу економскиот раст и намалувањето на емисиите на СО2 и да се постигне климатска неутралност.

„Акцијата против климатските промени на крајот ќе го поттикне економскиот раст преку влез на нови технологии, кои создаваат нови области на работа“, истакна Ангелоски.

Во рамките на посетата на Нови Сад, Ангелоски остварил средби и со директорот на Фондот за развој на Војводина, Горан Савиќ на која се разговарало за можностите за соработка во насока на унапредување на земјоделството и агро-бизнисот како значајни стопански гранки, преку размена на искуство и преземање на добрите практики кои се применуваат во Србија. Ангелоски исто така се сретнал и со министерот за државна управа и локална самоуправа на Република Србија, Марија Обрадовиќ при што поразговарале за значајната улога што ја имаат општините во поттикнување на локалниот економски развој, стимулирање на бизнисите и привлекување на инвестиции.

„Зелен навигатор на Западен Балкан“ е независно и непрофитно здружение на компании, единици на локална самоуправа, како и други институции и организации од приватниот и јавниот сектор, кое делува во насока на намалувањето на влијанието на климатските промени врз регионалната економија и општеството воопшто. Фондацијата ќе функционира со поддршка на Фондот за развој на Војводина. Климатските промени доведуваат до низа нови негативни последици за општеството и неговиот развој, кои може значително да се намалат, а некои и да се спречат преку институционални реформи со активно учество и соработка на стопанството, локалната самоуправа и граѓаните.

Инаку, Сојузот на стопански комори на Македонија во 2020 година потпиша Меморандум за соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање со цел да се интензивира соработката за заштита на животната средина на национално ниво, а врз основа на потребата за унапредување на корпоративната одговорност и отчетност во областа на животната средина, како и за понатамошно унапредување на националната и меѓународна регулатива за претпријатијата.

Сојузот спроведе и кампања „Иницијатива на жени во климатска акција“ посветена на подигнување на свеста и преземање мерки со кои се мотивираат и се ангажираат институциите и компаниите да се борат со загадувањето и со климатските промени.

климатски промени Сојузот на стопански комори на Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.