„Сојузот за иднината“ денеска одржа мирен протест пред седиштето на Управата за јавни приходи, институцијата за која што посочуваат дека му помага на режимот на Груевски.
Режимот на Никола Груевски, веќе 7 години се одржува со парите од граѓаните, драконски казни се државен рекет, велат опозиционерите.
Опозицијата даде и конкретни примери – за 50 денари за Палома марамици, казната е 6.600 евра. 3.500 евра и 15 дена клуч на врата е казна за нерегистрирани 47 денари.
За 50 денари бакшиш за келнерот, казната за газдата била 5.500 евра.