Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Солзите радосници на функционерите на СДСМ

0
By Биљана Секуловска on September 21, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не знам како тоа се случи, но поголем дел, подобро кажано огромен дел од министрите и пратениците на СДСМ сфатиле дека професијата политичар е една голема, бескрајно забавна игра, во која на сите треба да им се сврти свеста затоа што постојат, кога ги гледаат како палават на светкавите вртелешки и панаѓурски капи со кои единствено располагаат како политичко оружје.

Во таа своја детска разиграност, тие потполно се предале и се опуштиле на ветерот да ги разнесува и лулка, да ги гали и голицка, да се превртуваат од колевките со смеење, да им течат солзи од радост- што некој им го дал правото, гласот, мандатот, да уживаат со весели врисоци во деновите поминати на власт, од бога украдени.

Ги гледам нивните дебати со ВМРО-ДПМНЕ и не можам да се оттргнам од впечатокот дека никој од нив ништо не научил во оваа земја, ниту пак посакал да смени, најпрво кај себе- да работи многу, тешко и напорно  на себе, да се подобрува, да ја осознае свеста за сопственото влијание врз луѓето со својот добар пример, да ја примени моќта која ја поседува во политичка смисла- најпрво кај себе, да ја научи цената која се плаќа ако сака да управува, да води.

Тоа е таа приказна- чувството за моќ на нашиве пратеници и министри од СДСМ им ја всадила сопствената ароганција и самозадоволност дека се родени и предодредени од мали нозе да владеат, без притоа да го разберат самиот чин, што подразбира тоа владеење, во чии раце е таа моќ- тие навистина никогаш и нема да разберат.

Нема да дознаат дека моќта ја црпат од народот, од граѓаните, дека чувството на одговорност во оваа професија е најважната карактеристика од која мора тие да појдат, пред да се согласат да ја обавуваат.

Макс Вебер во своите списи ги потцртува трите важни одлики на еден политичар- страста, чувството на одговорност и мерката. Суштината на полититиката- вели тој- е дека таа се обавува со глава, а не со одделни делови на телото и душата.

Затоа, ако ги погледате за момент дебатите на нашиве важни функционери на СДСМ, ќе видите широка, богата лепеза на распослани органи на телевизиските маси и испорачани пред микрофоните- и се разбира, тука имате и по нешто душа, која најмногу изгледа ситна, стуткана, неупотреблива за оваа важна и одговорна професија.

Сосема јасно, сигурно изгледа само едно- дека скоро никој од овие наши функционери не поминал ниту момент за учење и подготовка- кога изглегуваат цели важни и преполни себе пред камерите, воопшто и не помислуваат дека тоа го прават за јавноста, а не за спротивната страна со која дебатираат- со новинарите или со опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Можам да се обложам дека никогаш немале ниту една минута проби за интервјуа и дебати, подготовки, учења, бессони ноќи поминати со замислени соговорници, со контрааргументи, рафални реплики, немаат зад себе крвав труд за да стигнат онаму, каде што им го гледаме денес безобразно надмениот однос, кој е шуплив, површен и јаден.

Тие не виделе ниту трошка мака за да стигнат еден ден пред тие камери, тие светла никогаш не им ги парале очите, за навистина да разберат што и кој стои зад тие рефлектори, затоа што суетата тоа не им го дозволила, се разбира, што би можело да биде друго?

За жал, онаа силна, тешка и мастадонска машинерија на ПР- односи со јавност во Владата и во СДСМ никогаш и не проработела, освен кога било неопходно да се построи на првиот ден од месецот, кога се доделуваат финансиски признанија во вид на чекови и полнење банкарски картички.

За почеток, нека ги прашаат најдобрите

Во оваа земја секако дека има паметни и способни луѓе кои можат да создадат вешти соговорници, компетентни мислители, квалификувани политичари- веројатно никогаш не би ја прашале Радмила Шеќеринска за совет- како дотаму да се стигне, затоа што суетата на нашиве функционери е нивниот raison d’-être. Само да ја прашаат колку години се во прашање, бескрајни години кои никогаш не поминуваат, колку децении и беа потребни да вложува труд, работа, посветеност и тоа само во учење, надградување и усовршување- политика, комуникации, јазици, за да го достигне нивото на врвно, светско практикување на оваа тешка и одговорна професија политичар.

Во оваа битка за знаење и вештини која мора да се започне во СДСМ, секогаш на ум ми паѓа комуникологот Петар Арсовски, секако дека под негова палка би можело да се создадат можеби не чуда од нашиве функционери, секако никој не очекува чуда, но сепак шансите се големи да се добијат сериозно посветени луѓе, кои сакаат да учат како треба да изгледа професијата политичар и како навистина таа се практикува.

Конечно, таму е и Роберт Поповски, без дилема беше одличен новинар, подоцна и главен комуниколог во СДСМ, чии вештини претпоставувам дека никој и не ги искористил навистина- сигурна сум дека не тој, туку другите не сакале, не биле заинтересирани, мислеле дека се можат и се знаат. Како што тоа обично се случува во оваа партија, која традиционално маестрално ги прокоцкува шансите, во најкусите можни рокови, која носи разочарувања, горчина и посакување да не ги видиме никогаш повеќе.

Ова се последните мигови за нашиве функционери од СДСМ, последни на отворен простор, во кој тие можат да започнат да делуваат- никој нема да им го прости времето кое тие ни го изгубија, наместо да разберат дека честа да се води една земја многу побрзо се губи, отколку што требало време да се додели. Наивноста на граѓаните трае неколку дена, некој месец можеби, никогаш повеќе од тоа, секогаш пребрзо се троши отколку што и самите тие граѓани се надевале.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.