Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сомнеж за хеморагична треска, државата зајмува реагенси за да испита

1
By Менче Атанасова Точи on July 26, 2017 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двајца мртви и четворица други граѓани се хоспитализирани поради сомнеж дека се заболени од опасната хеморагична треска. За да се потврдат сомнежите, Македонија мораше да позајмува реагенси од Косово бидејќи во државата ги нема за да испита, дознава НОВАТВ од повеќе извори на клиниката 

Хеморагична треска е најверојатно болеста од која починале двајцата гостиварчани, а Институтот за јавно здравје нема реагенси за да утврди за која болест или за кој тип на хеморагична треска се работи, дознава НОВА од лекарски извори. Во ситуација кога двајкца пациенти починаа од опасно заразно заболување, директорот на Институтот бил принуден преку приватни врски да бара на заем реагенси од Косово бидејќи, поради блокирана сметка оваа  референтна лабораторија е празна, без реагенси за анализи.

Извори за НОВА велат дека таму не само за опасната хеморагична треска, нема реагенси и за други опасни заразни заболувања, но и за болести кои задолжително со закон мора да се испитуваат, како што е Конго треска , СИДА и други.   Директорот  на Институтот Шабан Мемети кој долго време предупредува дека ситуацијата е алармантна, само кратко за НОВА потврди дека некако успеале да се снајдат.

„ И покрај сите проблеми со кои се соочува Институтот за јавно здравје, успеавме да најдеме реагенси. Резултатите од анализите ги очекуваме утре попладне“, изјави за НОВА директорот Шабан Мемети.

НОВА минатата година информираше дека Институтот поради ненаплатени сметки од должници, но и поради проблемите со Советот за јавни набавки,  тоне во долгови, а вработените со месеци не земаат плата. Директорот Мемети повеќе пати интервенирал во претходната Владата, но не добија финансиска инфузија. Сметката на Институтот сега е блокирана поради две извршни решенија за долг од 4, 5 милони денари кон ЕВН и фирмата Фармахем.

За двата смртни случаи и уште четворица кои се хоспитализирани на Инфективна клиника денеска на прес конференција излегоа од Комисијата за заразни болести и претставници од Министерството з а здравство но, никој не го спомна проблемот со реагенсите. Претседателот на Комисијата за заразни болести и директор на Инфективна клиника, Звонко Миленковиќ рече дека пацинетите најверојатно починале од заболување кое се шири векторски, од инсекти или животи но допрва ќе се утврдува за која заразна болест станува збор.

Двајца пациенти од гостиварското село Симница едниот на возраст од 50, а другиот на 23 години починале на Клиниката за инфективни болести во Скопје, откако биле донесени со висока температура, дијареа и повраќање. Тие биле блиски роднини, но Миленковиќ не сакаше да открие дали се татко и син.

Едниот од нив починал два- три дена откако бил донесен со овие симптоми, а другиот само неколку часа  откако бил донесен на Клиниката. Тие претходно немале никакво заболување, а според Миленковиќ болеста го зафатила црниот дроб, коагулацијата на крвта и бубрезите.

На Клиниката се наоѓаат уште четворица пациенти од истиот регион со овие симптоми, но тие се со полесна клиничка слика. Во моментот епидемиолошките служби се на терен за да утврдат дали треба да се прогласи  епидемија, бидејќи дел од овие пациенти се во роднински врски.

Миленковиќ нагласи дека на Клиниката за инфективни болести не е прогласен карантин, туку заболените се изолирани во посебни простории.

„Болеста имаше брз тек, кај пациентите беа нападнати повеќе органи како црниот дроб, коагулацита на крвта и бубрезите. Нема место за паника“, рече Миленковиќ.

Лекарски извори за НОВА велат дека ова не се први случаи со заразни болести каде што треба да алармира Комисијата за заразни болести. Пред два месеца имало два случаи од мавровскиот регион со слични сиптоми и постоење на еден вид хеморагична треска. Во мај оваа година беа регистрирани 12 случаи со туларемија, болест која ја пренесуваат глодарите, но може да се пренесе и преку контаминирана вода.

Стручаците од оваа област се револтирани и велат дека комуникацијата со Комисијата за заразни болести на чие чело е Миленковиќ, оди многу тешко наместо да се реагира синхронизирано и на време.

Инаку, хеморагична треска е болест која ја пренесуваат крлежите и глодарите. Заболените имат висока температура,  треска, крварење на внатрешните органи и хеморагичен шок. Во 2013 година на Косово починаа седум луѓе од ова опасно заразно заболување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Оставката на Ана Чупеска

ВЕСТИ November 3, 2025

Ана Чупеска, потпретседателката на СДСМ, како што е веќе познато во јавноста, поднесе оставка на…

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.