Педесет и петгодишен маж загина, а 28-годишна жена е повредена вчера, кога автомобилот со кој патувале излетал од коловозот на улица „Ѓорче Петров“ во Скопје, информирата од Министерството за внатрешни работи (МВР-.
Како што се наведува во полициското соопштение, несреќата се случила вчера околу 15:30 часот, кога патничко моторно возило „Пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот скопјанец С.Д.Г., излетало од коловозот.
Од доктор од екипа од итна медицинска помош констатирана е смрт кај С.Д.Г., а со телесни повреди се здобила сопатничката М.Г. (28) од Скопје, на која ѝ е укажаната лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се наведува во соопштението.
Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото на загинатиот е дадено на обдукција.




