Најмалку 16 лица загинаа, а 22 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи во близина на градот Газиантеп, јавуваат турските медиуми.
„Меѓу загинатите тројца се пожарникари, четворица вработени во брза помош и двајца новинари“, изјави гувернерот на Газиантеп, Давут Ѓул.
Во несреќата учествувал минибус во кој удрил патнички автобус, кој се превртел и се лизгал 200 метри при што удрил во возилото на брзата помош и медиумските екипи. Двата новинари кои загинаа биле вработени во новинската агенција ИХА.